
Запознавање на победниците на Longest pitch marathon
Колку млади луѓе не сонувале да бидат успешни и да ги постигнат повеќето од своите цели на млада возраст? И колку возрасни погледнале наназад прашувајќи се зошто одреден настан не се случил поинаку, или зошто донесов погрешна одлука за ова или она?
Па, не грижете се, бидејќи ние ќе ви ги прикажеме приказните на некои млади претприемачи, дека врз основа на добро планирање, труд, талент, но пред се одржување на многу јасни и добро дефинирани цели, предизвикувале во многу случаи или моменти кои биле неповолни за нив, успевајќи да излезат успешни.
Денес во овој блог пост разговараме со Милан Петровски еден од ретките претприемачи кој на свои 23 години веќе има формирано своја компанија која успешно работи на македонскиот пазар.
Ако може да издвоиш едно искуство кое те обликувало во човекот кој си денес, кое е тоа?
Па не би можел да издвојам едно искуство бидејќи мислам е многу долг процесот за да се дефинираме како личности и да изградиме еден карактер. Би кажал дека најмногу ме обликувал патот кој што го поминав овие 3 години откако отворив фирма. Тогаш тоа беше момент каде што ми створи една навика и одговорност што и да се случи мора да се заврши, и да се оди до крај бидејќи што и да е секогаш одговорноста останува на мене. Исто така многу битна особина што ја стекнав е тоа што претежно секогаш започнав да гледам позитивно на работите и сите тие ups and downs што се случиле на крајот пак испаднало како што треба.
Објасни накратко, што беше твојата идеја и кој проблем го решава?
Идејата за Viseq е платформа за автоматизирање на визуелизации во АР (аугментативна реалност) без клиентите да знаат да програмираат. Еден вид на wordpress или shopify за АР. Со оваа платформа АР технологијата ја правиме по пристапна за сите, како на пример ресторани да можат да креираат менија со храната да се гледа во 3Д или пак салоните за мебел да имаат онлајн продавница каде може да видите како би ви изгледал мебелот дома пред да го купите.
Во една реченица објасни го твоето искуство на Longest Pitch Marathon?
Еден од многуте настани на кои сум присувствувал, кој се издвојува по тоа што по завршувањето на настанот следи „акција” односно целокупен процес кој води до краен продукт.
Кој е најдобриот совет или лекција која ја научи за време на маратонот?
Make products that you can monetize.
Што после Longest pitch marathon?
Доработка на платформата, конкретизирање на идејата и истата да ја прошириме на глобално ниво.
„Забележав дека колку понапорно работам, толку повеќе среќа се чини дека имам“ – Томас Џеферсон