Ако сметате дека имате одлична бизнис идеја, веќе сте во предност во однос на вашата конкуренција. Најуспешните претприемачи се оние кои цврсто веруваат во својата идеја од самиот старт, единствено потпирајќи се на своите знаења и вештини. 

Димитар Чуковски е уште еден млад и проактивен талент кој од самиот почеток веруваше во својата бизнис идеја. Toj e еден од победниците на Longest pitch marathon кој се издвојуваше со својата позитивна енергија и за кој сме сигурни дека го очекува одличен успех на бизнис полето.

Во продолжение на овој блог пост прочитајте за  идејата на Димитар и неговото искуство со Longest pitch marathon.

Ако може да издвоиш едно искуство кое те обликувало во човекот кој си денес, кое е тоа? 

Покрај многуте примери кои ме имаат променето како личност би можел да издвојам една навика која исто така  многу ми го промени и начинот на размислување.  Тоа го остварив преку запознавањето со self improvement книгите. Сето тоа започна како мало одвлекување од играњето и седење на социјални мрежи пред спиење, но со текот на времето многу ме заинтересира и со секоја нова книга се запознав со искуствата и знаењата  на одреден писател. Ваква мала навика која ја практикував само неколку години, ми го смени целиот став на размислување  и пристапување кон секоја ситуација.

Објасни накратко, што беше твојата идеја и кој проблем го решава? 

Со нашата идеја сакаме да реализираме онлајн платформа која ќе воспостави контакт помеѓу адвокатите и клиентите со цел да се олесни самата комуникација и достапност.

Целта на оваа онлајн платформа е да реши неколку од често увидените проблеми со кои се соочуваат адвокатите или оние кои се во потрага по aдвокат. Тука ќе ги наброиме:

– Недостатокот на онлајн платформа каде адвокатите ќе можат да дадат совети на оние на кои им се потребни, како и да бидат платени за таа услуга на дигитален начин.

– Итноста на случаите кога на некој му е потребна адвокатска помош. Опцијата да има онлајн платформа каде веднаш ќе може барателот да најде адвокат кој му одговара, го решава овој проблем.

– Неможноста за директна промоција и рекламирање/афирмирање на адвокатите.

Во една реченица објасни го твоето искуство на Longest Pitch Marathon? 

Најинтензивевн и иновативен стартап натпревар на кој сум учествувал до сега.

Кој е најдобриот совет или лекција која ја научи за време на маратонот?

Верувај во идејата!

Што после LPM?

Нови предизвици и голема надеж за нешто многу поголемо.

После разговорот со Димитар можеме да заклучиме дека нема идеално време за започнување на бизнис. Секогаш ќе имате чувство дека може сеуште да се работи на одредена бизнис идеја, и дека истата не е доволно подготвена за да се презентира пред јавноста.

Единствено што треба да направите е да се подготвите на најдобар можен начин за нејзино презентирање, а после тоа останува да уживате во  убавите и возбудливи  работи кои следуваат при нејзино реализирање.