Инспирирано од Entrepreneur Asia Pacific, an international franchise of Entrepreneur Media

Само затоа што можете да инвестирате одредена сума во стартапи не значи дека треба да одите на all-in. „Сумата што треба да се инвестира во стартап не треба да биде поголема од онаа што инвеститорот може удобно да ја загуби доколку стартапот банкротира“

Ренди Брунс, овластен финансиски планер (CFP)

Експертите генерално препорачуваат и неколку мали инвестиции во неколку различни стартапи наспроти една голема инвестиција во еден стартап. Всушност, AngelList дури пишува во своите упатства за инвестирање дека треба „да инвестирате само ако имате доволно капитал за да направите 15тина различни инвестиции во стартапи. ​​Споменатото обезбедува диверзификација: ако инвестирате во пет стартапи, а четири од нив пропаднат, сепак имате еден победник, што може да помогне да се зашти дел од вашите пари. Односно заклучокот е дека потребен е инвестициски пристап каде очекувате вашите вкупни добивки да ги надминат вашите вкупни загуби.

Инвестициски пристап

Кога се зборува за инвестициски пристап во поглед на стартапи се мисли на процесот кој еден инвеститор го поминува кога одлучува во кој бизнис да вложи, како и кои се неговите очекување од тоа инвестирање. Накратко, тоа е начинот на кој се вреднуваат стартапите и типот на информации кои му се потребни на еден инвеститор за да донесе одлука. 

Меѓутоа, инвестирањето во стартапи побарува поинаков пристап од традиционалното вложување. Наједноставен според нас е оној кој го објаснува Бил Грод на својот Ted Talk. Ова се следните работи кои секој кој инвестира во стартапи треба да ги земе во предвид:

Проблемот кој го решава стартапот и неговите двигатели

Детално разберете го проблемот што го решава стартапот, но и движечките фактори зошто истиот постои и зошто токму сега е време за негово решение. Сите добри иновации што ги знаеме решаваат голем проблем во нашето секојдневие. Така социјалните мрежи (Facebook, Instagram, LinkedIn итн) го решија проблемот на конектирање/ запознавање со луѓе ширум светот. Додека пак двигател на тој проблем беше појавувањето на интернетот и смартфоните, кои ја направија споменатата иновација возможна.

Инвестирање во решенија на неколку различни проблеми

Препорачливо е да одделите само еден дел од вашиот капитал, со оглед на високиот ризик кој го носи ова вложување. Меѓутоа подобро да биде мал дел, наместо нула. Бидејќи ова инвестирање може да едноставно компензира загубите претходно, со еден среќно избран стартап. Начинот да се биде дел од овој тренд, а да се намали ризикот е преку инвестирање во стартапи кои решаваат различни проблеми. Така, доколку клиентите не се спремни да платат за решавање на еден проблем, можеби ќе се спремни за друг чие решавање е итно за нив.

Секогаш градете портфолио

Значајно е секогаш да се гради портфолио од неколку стартапи со цел вкупните загуби да бидат надминати од вкупните добивки. Дополнително, градењето на портфолио подразбира дека ова инвестирање не се случува еднаш. Напротив, неопходно е да се вложува често, но по помали суми со цел непропуштање на добри бизнис идеи и можности од трендови актуелни на пазарот. 

Преку ко-инвестирање, споменатото е возможно. Тоа е еден тип на инвестирање како во инвестициски фондови, меѓутоа овојпат наместо во хартии од вредност (акции, обврзници) се вложува во сопствеништво на бизниси кои сеуште не излегле на берза. Со цел да се намали ризикот, овие платформи вложуваат истовремено во повеќе стартапи.

Не обрнувајте внимание многу на финансиските проекции

Не се фокусирајте на финансиските прогнози во раната фаза на стартапите, бидејќи тие се иновативни и најчесто немаат директни конкуренти според кои може да се дадат проценки. Единствено може да има направено прототип од својот продукт и докажан интерес од своите потрошувачи. Наместо финансиски проекции, клучно е да го разберете капацитетот и двигателите за раст на идејата во која се вложува- колку приходи може да реализира и од што истите зависат. Дополнително, потребно е и разбирање на трошокот за аквизиција на клиенти- колку чини привлекувањето на клиенти?  

За повеќето инвеститори, стартапите сочинуваат мал дел од целокупното портфолио со добра причина. Меѓутоа, често токму овие инвестиции се тие што обезбедуваат најголема финансиска и социјална вредност. Овие инвестиции се оние за кои зборуваме со нашите пријатели, внимателно ги следиме и добиваме повеќе возбуда и мотивација – во добро или во лошо – од било што друго во нашето портфолио.

Причината е едноставна. Додека сме биле деца, сите сме сонувале. Сеуште постои дете во нас кои сака да игра и верува дека таму некаде има добри стартапи од кои еден може да е следниот милијардерски бизнис како Facebook, а токму ние сме 10% сопственик.