
Зошто да инвестираме во стартапи ?
Инспирирано од Entrepreneur Asia Pacific, an international franchise of Entrepreneur Media
Audrey Hepburn рекла „да се засади градина, значи да се верува во утрешниот ден“. Истото важи и за инвестирањето во стартапи.
На многу начини, желбата да се биде дел од едно стартап патување – било да зборуваме за основач, член во тимот или инвеститор- е всушност поседување на визија за подобро утре! Човечките мотиватори, алчност и страв, неизбежно се испреплетуваат со одлуката за инвестирање, но повратот на инвестицијата во стартап е повеќе од проста математика. Аналогно на тоа, вистинското прашање не е зошто „треба“ да инвестираме во стартапи, туку зошто треба да сакаме.
Хипер-иноватори водени од „луда“ амбиција да се „скокне“ во непознатото
Стартапите се хипер-иноватори водени од „луда“ амбиција и мотивираност (и да, понекогаш наивност) да се „скокне“ во непознатото. Од друга страна пак, зрелите организатии имаат агенди за иновации- без разлика што тие вклучуваат значителни буџети за истражување и развој- но честопати им недостасува основната ДНК од стартап културата.
Споменатото е причината зошто стартапите се нашите екстерни облози во циклусот на иновации кадешто неопходни се грешки со цел откривање на вистинските иновации. Но, во исто време, доколку овие процеси се извршат на правилен начин, тие можат да дадат експоненцијален принос во споредба со другите традиционални начини на инвестирање. Она што го прави инвестирањето во стартап интересно во споредба со другите начини на инвестиции е тоа што често тие не можат (и не треба) да бидат способни да обезбедат ниво на прогнозирање или компаративни податоци за пазарот. Особено затоа што приносите може да бидат во милиони, но и нула.
Балансирано вложување- помалку на повеќе места
За повеќето инвеститори, стартапите сочинуваат мал дел од целокупното портфолио со добра причина. Меѓутоа, токму овие инвестиции се тие што обезбедуваат најголема финансиска и социјална вредност. Односно, овие инвестиции се оние за кои зборуваме со нашите пријатели, внимателно ги следиме и добиваме повеќе возбуда и мотивација – во добро или во лошо – од било што друго во нашето портфолио. Ова е важно да го разберат и стартапите. Комуницирајте со инвеститорите вистински начин, споделете во што верувате, вклучете ги и тие ќе бидат со вас и низ најтешките моменти.
Стартап инвеститорите исто ја креираат иднината- вложуваат во тоа што веруваат!
Инвестирањето во стартап сцената е исто така можност да се инвестира во проекти кои се усогласени со посакуваниот импакт кој личноста/ инвеститорот сака да го има. Ова може да им овозможи на инвеститорите да управуваат со растечката индустрија од нивен интерес (на пр. виртуелна реалност, криптовалути) со тоа што ќе вложат капитал во деловите од иднината во која веруваат.
Циклусот на животот – размножување, раст, зрелост, распаѓање и надополнување – е истиот што се случува и во бизнисот. Во секоја индустрија и држава, доживуваме експоненционална стапка на промени водени од технологија, поврзаноста која ја носи интернетот и животна средина. Без разлика дали нашата мотивација да инвестираме во стартапи е да одговориме на зголемениот притисок на пазарот или едноставно да ги искористиме новите можности, немаме друг избор освен да ги оставиме овие облози на иднината. Токму како и во природата и законот на еволуција. Но, бар да го направиме тоа значајно!