Продолжуваме со успешните приказни на нашите победници на Longest pitch marathon.

Во овој блог пост ве запознаваме со Алиџан Али кој заедно со својот тим Clony  добија инвестиција од 25.000 евра. За Алиџан може да се каже дека е еден од ретките млади луѓе кои со својата смиреност и детално проучување на работите, достигна едно ниво за кое и тоа како  заслужува да се каже едно големо браво.

Во продолжение на овој блог пост прочитајте која е идејата на Алиџан и неговиот тим и која  е лекцијата која ја научија на Longest pitch marathon.

Ако може да издвоиш едно искуство кое те обликувало во човекот кој си денес, кое е тоа? 

Не можам да издвојам никакво искуство. Сите мои минати искуства ме обликуваа во она што сум во моментов, секој момент што го живееме ги обликува моментите што ќе ги живееме.

Објасни накратко, што беше твојата идеја и кој проблем го решава? 

Нашата идеја е апликација која ги поврзува сметките на професионални трејдри со аматерски инвеститори, со поврзување на нивните Binance сметки со нашиот систем, инвеститорите ќе можат да копираат сè што трејдрите прават со процентот на нивното портфолио и ќе ја помножат својата заработка со копирање професионалци.

Во една реченица објасни го твоето искуство на Longest Pitch Marathon? 

Беше совршено организирано, забавно и совршено за нас да го започнеме нашиот бизнис.

Кој е најдобриот совет или лекција која ја научи за време на маратонот?

Дека не е добра идеја да се набави риба за секого на масовни настани. 😂

Што после LPM?

Планираме да го започнеме нашиот бизнис и да постигнеме огромни профити во текот на следните 3 години, проширувајќи се во сите медитерански региони.

Сите титули се небитни, битни се резултатите што ги оставаме во нашето општество, што ги креираме, а бизнис можностите доаѓаат постојано, доволно е само да се потрудиме да ги искористиме тие можности во правилната насока.

Вистинскиот тест доаѓа во моментот кога се соочувате со некаков неуспех, а вие одлучувате дали тој неуспех ќе ве засрами или изгради како претприемач.