Сценариото на “СОВРШЕНАТА РАБОТА” е реалната слика во секој дом во нашата држава. Сум била таму и знам како започнува со прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“

Кој е нашиот одговор?

Инвестираме во себе, се образоваме, запишуваме обуки со цел еден ден да ја работиме таа работа од соништата која некогаш сме ја замислиле.

Што потоа?

Се вработуваш и го менуваш своето време за пари со цел враќање на инвестицијата која еднаш си ја направил. Но, најбогатите 1% во Светот не ја следела оваа кариерна патека, а се најпресметливите инвеститори. Можеби самата инвестиција не исплатлива…

Колку чини инвестиција- образование

Околку 40.000 евра чини просечно образование во Македонија кое во себе вклучува:

  • регуларно траење на студии
  • котизации
  • месечни трошоци
  • пропуштен приход додека си учел
  • камата за потрошувачки кредит

За еден млад и амбициозен човек со просечна македонска плата да ја исплати оваа инвестиција, потребни му се околу 10 години работа. Уф, студираш 6 години за да работиш потоа дополнителни 10 и бидеш на нула.

Но, има решение!

Од тебе зависи дали ќе одлучуш да ја враќаш инвестицијата за образование цели 10 години, па дури потоа да почнеш да заработуваш или би превземал поразличен животен пат. Брз излез од оваа ситуација се следните решенија:

  • Основање на сопствен бизнис
  • Инвестирање и пасивно богатење

✅ Доколку имаш поразлична визија за својот живот, тимот на Нетворкер е тука да ти даде целосна поддршка во храброто започнување на свој бизнис или пасивното погатење преку инвестиција. Повеќе информации за решенијата во следни постови или доколку си нетрпелив, пиши на info@networker.mk 🚀