Не постои „вистинска“ возраст на која може да се стане претприемач. Се разбира, имањето искуство помага, но она што е важно повеќе од возраста е твојот тим, твојата идеја и твојата способност да се залагаш за себе.

Прво, состави тим со разновиден сет на вештини. Ова може да вклучува ментори, советници или луѓе кои имаат искуство со растечки компании од нивното основање. Вклучи некој кој знае како да управува со луѓето, како и некој со вештини потребни за развој и оператива итн. 

Следно, идентификувај проблем за кој си навистина „загреан“ да го решиш. Најди инвеститори кои се подеднакво возбудени да се осврнат на болните точки за кои се грижиш и пренеси ја твјоата страст во кратка, јасна приказна. 

И конечно, биди твојот најдобар застапник. Ако наидеш на пристрасност кон возраста или други форми на дискриминација, подготви се да ги решиш тие проблеми директно со покажување на твојата компетентност, доверба и грижа. 

Со вистинската идеја, став и луѓе зад тебе, можеш да ја претворите твоjата  идеја во реалност – во било кој момент од твојата кариера.

Овој совет е преземен од: „Не дозволувај возраста да ти застане на патот кон претприемништвото“, од Ема Волдман

За повеќе совети заследи го нашиот инстаграм профил networkermk или пиши ни на info@networker.mk.