Да се биде млад претприемач сигурно не е ниту лесно, ниту едноставно. Претприемништвото е дејност која бара посебни дисциплини, навики и карактерни особини како страст, дисциплина и посветеност, карактеристики кои се типични за еден успешен претприемач. Овој петок разговараме со Мартин Цветаноски основач на Monday Digital Agency, Агенција за дигитален маркетинг и Monday Learning на чело со Академијата за графички дизајн. Во продолжение може да видите што ни одговори тој.

Како би ја опишал твојата компанија во една реченица?

Monday има цел да достави креативни и високоперформирачки дигитални услуги, протоа нудејќи транспарентност, ефикасност и достапност.

Која е твојата визија за наредните 5 години?

Најмалку еден продукт да излезе од тимот Monday. Во работата со толку многу бизниси и креативци, веруваме дека нашето искуство и потенцијал ќе направи простор за развој на некоја поголема идеја.

Омилен цитат

The doer alone learneth – Friedrih Nietzsche
Светот останува на оние што учат преку создавање и работа.

Предизвици со кои најчесто се соочуваш?

Предизвиците со кои најчесто се соочуваме се од оперативен карактер, како: управување со времето, делегирање задачи, естимација на проекти. Се што се однесува на креативниот дел, секогаш ни претставува задоволство за работа.

Најинтересната работа која ти се има случено во текот на ова неколку годишно работно искуство?

Најинтересната работа која ни се случила е Monday Learning. Од side project – едноставна идеја за тренинзи за маркетинг и дизајн кои ги нудевме на нашите клиенти, прерасна во независен бизнис модел со голем потенцијал на кој досега успешно се приклучија над 100 индивидуалци кои преку тренинг програмите стекнаа практични знаења за графички дизајн и дигитален маркетинг

Што научивме од ова?

Не е лесно да се биде претприемач, особено не во Македонија. Но погрешно е тврдењето дека тоа или го имаш во себе или не. Претприемаштвото се учи. Но треба решителност, посветеност и многу напорна работа.