Затоа овој петок повторно ве запознаваме со млад и успешен претприемач кој својата креативност ја преточил во одлична бизнис идеја која денес брои голем број на корисници. Во продолжение на нашиот блог пост разговараме со Теди Пејоски сопственик на платформата Enzyme – платформа која е наменета за сите оние кои сакаат да креираат веб-сајт за својот бизнис на многу едноставен начин.

Како би ја опишал твојата компанија во една реченица?

Enzyme е за сите оние кои што сакаат да креираат без да треба да кодираат – супер-брз и едноставан начин да креирате веб страница за вас или вашиот бизнис.

Која е твојата визија за наредните 5 години?

Да создаваме креатори и решавачи на проблеми (анг. problem solvers), затоа што сметам дека само така може да ги надминеме најголемите предизвици на човештвото.
Преку NoCode, Inc. во наредните 5 години сакаме да го зголемиме бројот на креатори во светот за нови 2 милиони кои што ќе креираат со помош на нашите алатки.

Предизвици со кои најчесто се соочуваш?

Предизвиците се најчесто технички. На пример: Како од даден опис за веб страница (на англиски јазик) да се дознае која би била најсоодветната боја, или пак дали описот се однесува на персонална веб страница или пак електронска продавница.
(ВАЖНО: вработуваме луѓе кои што сакаат да решаваат вакви предизвици 🥳)

Што да научиме од ова?

Во текот на годините секој од нас, барем по еднаш посакал да успее во бизнис полето, да се оформи како успешен претприемач и секако да ја истакне креативноста која ја носи во себе. Не секогаш работите одат по испланираниот тек и можат да се појават многу фактори или пречки кои ќе го успорат овој момент.

Дали сте подготвени да станете претприемач? Ве советуваме да започнете што е можно порано и да превземете ризик со цел обликувате една цела индустрија, на начинот на кој го прави тоа Теди. Никој кој не ризикувал, не ни успеал!