
Зошто менторирањето е добро за бизнисот?
Стапката на преживување на новите бизниси е разбирливо застрашувачка за претприемачите. Новите истражувања покажуваат дека кога ќе додадеш бизнис ментор во почетната фаза од раст на бизнисот, бројките драстично се менуваат. Според последните истражувања дури 70% од новите бизниси опстојуваат повеќе од 5 години доколку се водени од бизнис ментор.
Што е бизнис ментор?
…некој кој може да ти даде една поинаква перспектива кон твојот бизнис, согледувајќи ги нештата кои ти можеби не ги гледаш во почетна фаза од твојата бизнис идеја. Ментор може да биде некој веќе го изодил патот и ги согледал сите аспекти додека го растел бизнисот. Некој кој успеал во претприемништво или е експерт во својата индустрија, некој кој успешно издигнал нови замисли. Без разлика кој ќе биде твојот ментор, придобивките и бенефитите од работење со бизнис ментор се од клучна важност за понатамошниот развој.
Зошто бизнис ментор?
Новите сопственици на мал бизнис често немаат една клучна работа, а тоа е искуството. Потребни се години, а во најголем дел од случаите и многу средства за да се стекнат со бизнис искуството, за да се води успешна компанија. Бизнис менторството помага во недостигот на оваа фундаменталност овозможувајќи искористување на искуството на бизнис менторот веднаш – и бесплатно.
Учење од грешките
За успешен старт на бизнисот, немаш простор за многу грешки. Зошто на самиот почеток да учиш од твои грешки, кога може да научиш од туѓите и на тој начин да ги избегнеш во твојата идеја. Менторот може да ти помогне да ги препознеш предностите и недостатоците при одлуките за комплексни договори и сѐ што е поврзано со понатамошно растење. Твојот ментор сигурно има увид од висока вредност врз основа на претходното искуство.
Проширување на твојата мрежа на контакти
Како искусна бизнис личност твојот ментор има веќе изградена мрежа од контакти и соработници. Така ќе ти помогне да направиш врски и да ги изградиш контактите кои ти се потребни во развој на бизнисот. Потенцијални клиенти, вработени и други извори на совети – сите овие типови на луѓе, може да се отклучат кога имате ментор за бизнис. Еден ментор носи сопствена мрежа на непроценливи луѓе, и тие контакти може да ви бидат на располагање.
Фокус и продуктивност
Започнувањето бизнис значи нов почеток. Тука веќе немаш некој над тебе кој би ги задавал насоките. Колку што ова е добро, толку може и да влијае негативно на твоите замисли. Затоа е добра соработката со бизнис ментор. Континуирани дискусии за бизнисот ќе ти помогнат да го задржиш фокусот и продуктивноста. Твојот ментор ќе те насочи кон правилно дефинирање на критични задачи и насочување на бизнис цели – а што е уште поважно, ќе и помогне на компанијата да се држи одговорна за нивното исполнување. Следењето на перформансите е од клучна важност, па во овој дел менторот заедно со тебе разгледува што би требало да се постигне, каде си сега и кои се следните чекори кои ќе ги утврдат идните приоритети.
Зголемување на знаењата од твојата област
Твојот ментор веќе има акумулирано доволно знаење, а на тебе останува само да го преземеш и имплементираш во твојата бизнис стратегија. Менторот има искуство од различни аспекти на водењето бизнис – искористи го ова како директна конкурентска предност.
Ова се само дел од причините зошто е добро да се има бизнис ментор. Доколку го делиме мислењето, контактирај нѐ на contact@networker.mk и ќе ни биде драго да те запознаеме!