Само пред неколку години инвестирањето во стартапи беше достапен само за многу мал дел од луѓето. Во основа имаше две причини зошто оваа форма на инвестиција беше многу ретка. Првата причина е што беше многу скапо да се инвестира. Втората причина е тешкиот начин да се најдат стартапи, дури и за инвеститорите кои беа ентузијасти.

Сега кога е возможно инвестирање во стартапи зошто да не ги претвориме стартапите во одлични можности за финансиско учење!

Најлесниот начин да учиш за стартапите и општо за пазарот во кој се наоѓаат тие е токму преку мини инвестирање во нив, односно купување акции или хартии од вредност. Трикот е во тоа што компаниите на своите акцинери им даваат финансиски извештаи во различни форми. Од план и прогрес за разивање производ, стратегии, вработувања, па се до моментални предизвици и прашања… извештаи кои ти даваат одговор за тоа каков е пазарот и нивните клиенти, конкуренти и соработници.

Предностите се уште поголеми за стартапите кои ги добиваат инвестициите бидејќи имаат можност за побрз раст. Едни од попознатите компаниите кои ги собрале своите ивестиции преку акции се Facebook, Aliexpress, Amazon, Apple и уште многу други…

Најдобриот дел, покрај учење од самите стартапи е тоа што можеш да добиеш супер повраток на твојата инвестиција. Доколку стартапот има успешен настап на пазарот ти ќе бидеш дел од стартап кој има успешна приказна и ќе имаш одлично искуство што си помогнал да се изгради нешто што го менува и зголемува пазарот.

Како и секој финансиски подвиг така и инвестирањето во стартапи си има свој ризик. Затоа нашиот совет е секогаш да избегнуваш да ги инвестираш своите финансии во една идеја, односно дисперзирај ги своите инвестиции и научи како да управуваш со компанија преку вложување во различни идеи и индустрии.

Само 1% од луѓето го прават првиот чекор за реализирање на нивната идеја. Направи го и ти, пиши ни на info@networker.mk и дознај повеќе.