Од почетокот на моето работење во Нетворкер, па се до сега сфатив една важна работа:
Постојат извори на средства за отпочнување или доразвивање на бизнис идеи, но недостасуваат доволно добро валидирани идеи во кои може да се инвестира.

Знам… ова е сосема спротивно на мислењето за отпочнување сопствен бизнис кое го имаат повеќето луѓе. Искуството ми покажа дека инвеститорите кои се заинтересирани да вложат во твојот бизнис, ја засноваат својата одлука врз три клучни критериуми.

1. Финансиски перформанс

Добро проучи ги бројките пред да ги презентираш на потенцијални инвеститори. Покажи дека твојата идеја ќе има одличен перформанс преку прецизни финансиски проекции. Истакни ги клучните причини за можен раст на бизнисот и претстави подолгорочен план за стимулирање на раст и развој во следни фази. При презентирањето на твојата идеја инвеститорите ќе се насочат на прашањата од каде ќе се приходува, причините за одлив на средства, како и стапките на обрт.

Пример: Бројките во твоите финансиски проекции треба да имаат логика и основа. Поврат на инвестиција од 25% за 3 години може да е примамлива за инвеститорот да се заинтересира за твојата идеја. Висината на повратот на инвестиција зависи од идејата.

Запомни: Инвеститорите вложуваат во идеи кои имаат шанса да им донесат добар поврат на инвестиција (ROI).

2. Уникатност на бизнис идејата

Потруди се твојата идеја да го има моментот на уникатност. За да си лесно допадлив пред инвеститорите, направи детална анализа на пазарот и покажи дека пазарниот потенцијал на твојата идеја е вреден за инвестирање. Оформи го профилот на твојот идеален корисник и пронајди колкава е твојата таргет група. Потоа проектирај фази во кои ќе привлечеш реален процент од таргет групата како корисници на твоето уникатно решение.

Пример: Го знаеш твојот идеален купувач и неговите болни точки. Банките знаат дека луѓето не сакаат да чекаат ред и губат време, па поради тоа се повеќе процеси се автоматизирани (од трансакции во платен промет, па се до апликацирање за кредит).

Запомни: Инвеститорите бараат идeja коja ќе те одвои од потенцијални конкуренти и ќе ти даде предност пред други.

3. Големина на пазарот

Инвеститорите се во потрага по компании кои имаат потенцијал да се брзорастечки, но во исто време ќе имаат ресурси добро да го менаџираат брзиот раст. Со помош на адекватни финансиски проекции важно е да покажеш дека твојата идеја може да генерира значаен профит. Круцијално е да прикажеш дека имаш продукт или услуга од каде ти доаѓа најголемиот дел од приливите, но дека вклучуваш и неколку останати извори на приходување.

Пример: Фокусирај се да докажеш дека твојот таргет пазар има висока апсорпциона моќ. Не прави грешка во која детално си го истражил твојот идеален купувач и имаш идеален производ кој клиентите ќе го сакаат, но севкупниот број на таквите клиенти е многу мал.

Запомни: Инвеститорите ќе бидат посамоуверени да вложат доколку твојата идеја има голема и стабилна таргет група на корисници.

Пиши ни на info@networker.mk и зголеми ги до 80% шансите за добивање на инвестиција за твојата идеја.