
Како да ги претвориш проблемите во бизнис можности?
Тема која звучи клише и дефинитивно не би пишувала за истото, доколку не го применувавме трасформирањето на проблеми во предизвици во Нетворкер и токму тоа ни ги триплира приходите во услови на пандемија.
Основачот не би требало самостално да ги детектира проблемите
Прво нешто што е потребно да прифатите е дека не е основачот оној кој би требало да ги детектира проблемите. Поконкретно, клучните проблеми со кои се соочувате во моментов, најверојатно се последица од проблемите кои настануваат од Вашето окружување- стеиколдерите.
Фидбекот од стеикхолдерите на вашиот бизнис е скапоцен
Овие чинители се клучни да ги сослушате веднаш штом почувствувате некаква негативна вибрација во работењето, затоа што го гледаат вашиот бизнис од различна перспектива и фидбекот од нив е скапоцен. Тука спаѓа правната регулатива, ИТ, конкуренцијата, државните органи итн.
Експертски онлајн интервјуа кои траат 20 минути
Интервјуата кои ги правиме траат 20 минути, со цел фокус на главните нешта и нерасплинување на дискусијата. Наша пракса е овие интервјуа да се платени, со цел да покажеме дека го цениме нивното време и ја побиеме догмата дека експертското мислење во Македонија е бесплатно, особено ако е 20 минути.
Запишување на фидбекот во форма на предизвик
Првите 3-5 минути се најавување на темата кое најчесто се прави од страна на сопственкот на бизнисот и проблемот со кој се соочува. Потоа се дозволува експертотот да поставува прашања и даде свое видување, кое неретко е насочено кон ризиците/проблемите. Додека трае разговорот еднствено важно е да имате стикери и маркери. На тој начин, посочените негативните работи ќе бидат запишани, но во прашална форма. Ние користиме форма на HMW (how might we) пример:
„Проблем: Крајните корисници нема да веруваат во платформата“
„HMW: Како преку соработка со кредибилитетна агенција или регулатор да стекнеме доверба од крајните корисници?“
HMW прашањата поттикнуваат дискусија и отвореност кон решенија
Ваквото комницирање на проблемите и нивното преформулирање во прашања остава простор за одговори од страна на тимот, нешто што во нашите спринтови е предмет во вториот ден. Откако ќе поминат интервјуата, секој член од тимот потребно е да ги прочита своите HMWs, да се разговара за истите и изберат топ 5. Избраните прашања потоа со беринсторминг сесија од 10 минути се одговарани/ решавани индивдуално и анонимно.
Поставување на решенијата на матрица
Од сите решенија се избираат најдобрите 5 и истите се поставуваат на импакт/ресурси матрица, која посочува решение кое со најмалку ресурси постигнува најголем импакт. Таквото решение е вредно да се тестира веднаш и започне со имплементација.

На овој начин од апстрактен проблем сте стигнале до конкретно решение кое дополнето со акционен план и очекувани цели е работа која вообичаено одзема 1 месец, а Вие сте ја завршиле во 1 ден.