Одредено ниво на внатрешен сомнеж може да те поттикне да работиш повеќе на себе. Но, кога сомнежот во себе се манифестира како Импостер синдром, тоа може да те спречи да растеш. Еве неколку начини како да се избориш против тој досаден глас во твојата глава:

Признај дека е нормално да се сомневаш во себеси – особено кога си нов во организација или ако членовите на твојот тим изгледаат, се однесуваат или имаат многу различни искуства од тебе.

Фокусирај ја твојата вознемирувачка енергија кон учење и додавање вредност – Кога ќе идентификуваш област на слабост, гледај на тоа како можност да личен раст. Така најдобрите лидери стекнуваат самодоверба.

Биди искрен – кон себе и кон другите – Ако ти е јасно кој си и за што се залагаш, помала е веројатноста да се обидуваш да се вклопиш во калап што не бил дизајниран за тебе од сам почеток.

Најди сојузник – Сè уште се чувствуваш како измамник дури и откако ги практикуваш горенаведените совети? Обиди се да најдеш сојузник, ментор или група колеги истомисленици кои можат да ти помогнат да се чувствуваш како да припаѓаш тука.

Овој совет е адаптиран од „Do You Ever Second Guess Yourself?“, од Tucci Ivowi

За повеќе совети заследи го нашиот инстаграм профил networkermk или пиши ни на info@networker.mk.