Кога се зборува за Design Sprint, едно од првите нешта што паѓа на памет е прашањето за кого функционира овој процес. Дали се применува на стартапи или може да дава резултати и кај традиционални компании?
Кога зборуваме за традиционални компании, се мисли на оние со долгогодишно искуство во своето работење, со изразени хиерархиски модели како што се финансиските институции кои сакаат да се иновативни во своите процеси.

Искуството е споделено од Caryn Gallis, UX дизајнер во осигурителната компанија Prudential…

Нашите почетоци

Кога почнав да работам во Prudential, зборував со мојот претпоставен за концептот на Design Sprint и ми изгледаше заинтересиран:

„Дали некогаш имаш водено Design Sprint“ – ме праша тој
„Не, но ако размислувате, јас би сакала да се обидеме“ – несигурно одговорив

Но…
Дали е ова можно за традиционална компанија?
Дали ќе функционира за нас?
Да се прототипира идеја толку брзо… во осигурителна компанија како Prudential?
Го гледавме процесот како отскочна даска за промена на нашата култура, да ги ставиме корисниците во центарот. Идејата е под NDA и не би можела да откријам што градевме, но можам да кажам дека ја оживувавме нашата замисла и мисија:

Користење на искуствата кои помагаат да се создаде и заштити финансиската благосостојба


Што научивме од прототипот кој го тестиравме?

Откако го тестиравме прототипот на потенцијалните корисници, се покажа дека многу луѓе би ја користеле алатката која ја прототипиравме! Но, разбравме дека од многу размислување сме го направиле прототипот покомплициран за користење од тоа што очекуваат и сакаат корисниците. Тие ни објаснија во кои делови би сакале да го поедноставиме. Ние ја потврдивме хипотезата дека нашата алатка ќе помогне на нашите клиенти да добиваат квалитетни информации врз база на кои ќе носат одлуки и ќе имаат подобра финансиска благосостојба.


Дали нашиот тим ќе „спринтува“ пак?

Да! Потенцијалот за заштеда на трошоци е огромен, како и продлабочувањето на разбирањето за тоа што им е потребно на корисниците. Сите членови во тимот признаа колку состаноци, мејлови и време им заштеди Sprint-от и како одлуките се донесуваа со леснотија.

„Ова ќе беа најмалку шест месеци поминати во состаноци“ – кажа тимот.

Бизнисот има придобивки од корисничко тестирање и верувам дека Спринтот ќе стигне до сите делови од организацијата. Учењето од нашите корисници е неопходно, почнувајќи од маркетинг кампањи до развој на софтвер кој соодветствува на нашите клиенти.

Возможно е да се направат енормни промени во рок од 5 денови. Design Sprint-от е начин да се постигне токму тоа.“