
Што ќе научам на Академијата? Недела 3
Недела 3 во Академијата за развој на продукти има за цел да те научи како да подготвиш цврст план за твоето идеално решението и начинот на кој потоа ќе го прототипираш и тестираш на потенцијални корисници.
Што добиваш со Hot-Spotting?
Hot-Spotting е техника при одбирање најдобро решение за идејата креирано во фазата на идеација што ќе ја научиш во Недела 2. Со групирање на гласови јасно ќе ги издиференцираш најдобрите делови во скицираните решенија и лесно ќе се одлучиш кој предлог има најголема шанса за постигнување на твојата долгорочна цел.

Како да гледаш со очи на корисник?
Customer Journey е финалниот пат кој ќе го изоди корисникот во 6 чекори базиран на целокупното истражување и одлуки кои ќе ги донесеш до овој момент. Ова е еден вид акционен план каде точно ќе предвидиш како ќе го градиш прототипот кој треба да го извозат тестерите. Во овој дел ќе научиш како да се ставиш во кожа на корисникот и да размислиш како ти би го користел твоето бизнис решение.

Како да се подготвиш за прототипирање?
За полесно да го подготвиш прототипот, ќе те научиме како јасно да ги претставиш сите чекори од почетокот до крајот на негово креирање. Преку Storyboard-от ќе стигнеш од апстрактна до конкретна слика за фасадата на твојата идеја. Твојот прототип ќе биде како поставена сцена за снимање на филм која изгледа сосема реално за гледачите, иако во позадина е само лажна констуркција.

Тестерите ќе имаат чувство како да тестираат нешто веќепостоечко, а ти ќе ги видиш нивните реакции, ќе слушнеш позитивни и негативни коментари пред да потрошиш многу пари за нешто што тие можеби не би го сакале како идни корисници на твоето решение.
Дознај дали твојата идеја е соодветна за Академија на развој на продукти со помош на 30 минутен онлајн состанок: https://calendly.com/sanjamitrovska/meeting