Во претходните блог постови зборувавме за митовите поврзани со парите кои често ги слушаме во текот на нашето секојдневие и се одлучувачки за тоа дали еден ден ќе сме финансиски независни или зависни. Убавиот дел од приказната е што за сите споменати митови постојат решенија или „вистини“ со чија помош може да стигнете до финансиска независност. Во овој пост ќе зборуваме за едно од решенијата.

Кои беа митовите поврзани со парите?

Првиот мит беше поврзан со „работата од соништата“ односно желбата еден ден да го работиме тоа што сме сонувале во детството, не сфаќајќи дека токму тоа неретко не оддалечува од финансиската благосостојба. Вториот мит е поврзан со терминот „сигурно работно место“ кое неретко е несигурност и неприфаќање на одговорност што е директна поврзана со неприфаќање на богатството кое ни следува. Последниот мит е „квантитет vs квалитет“ на работниот труд и парадоксот дека ако повеќе работиме, повеќе ќе заработиме.

Зошто 1% од најбогатите луѓе ги поседуваат 99% од парите?

Финансиски независните луѓе или т.н. 1% не ги следат претходно дефинираните патеки на образовниот систем или предрасуди на општеството и свесно ги одбегнуваат овие митови преку земање на работите во „свои раце“ преку започнување на сопствен бизнис или пасивно богатење преку инвестирање.

Преку сопствен бизнис до „купување на време“

Досега често спомнуваниот ресурс време, кој воедно е и најскапоцен, е токму ресурсот кој претприемачите го купуваат со т.н. мултипликација на трудот. Аналогно на ова, очигледно решение е основањето на сопствен бизнис кој ќе ви овоможи систем преку кој ќе мултиплицирате труд и ќе имат импакт на општеството.

Но, ризично е да се има бизнис… Не?

Опкружени сме со неуспешни приказни на претприемачи кои дали поради приватни или професионални причини имале неуспех во својот бизнис. Но, дури и 15% од бизнисите да успеваат и реализираат некаква финансиска независнот, истата вреди да се проба.

100% сигурност за доживотна несигурност

Бидејќи другото сценарио е 100% сигурност дека никогаш нема да стигнете до финансиска независност, бидејќи точно можете да пресметате колку финансии ќе заработите до крајот на работниот стаж со плата која сега навидум ви изгледа океј.

Меѓутоа, и покрај спомеатите факти, некои луѓе едноставно немаат „стомак“ ниту пасија за сопствен бизнис. Ако си еден од нив, не грижи се! И за тебе имаме решение, но во следниот пост.