
Квалитет vs Квантитет- Мит или вистина?
Прво што ни паѓа напамет кога сме незадоволни од нашата финансиска ситуација е работењето повеќе часови, наоѓањето втора работа или промена на професија. Меѓутоа дали навистина тоа ни помага? Дали зголеменото време кое ќе го менуваме за пари навистина ни носи повеќе пари на нас, или на оној во чие име работиме?
Проблемот
Во најголем дел од случаите, финансиските проблеми кај луѓето не доаѓаат од малкуте работни саати или ниските приходи. Напротив, тие потекнуваат од „лошите потрошувачки навики“ или од недостатокот на финансиска едукација. Во овој блог малку повеќе ќе посветиме време на бизнис финансиска едукација или колку вистински не чини продавањето на нашето време.
Мултипликација на труд
Најдобар одговор лежи во терминот „мултипликација на труд“ кој означува купување на најскапоцениот ресурс околу нас- времето. Споменатово најлесно се објаснува со пример.
Мултипликација на труд преку пример
Екстремно добар сметководител, колку и да е добар, има 24 часа и може да услужи одреден број на клиенти. Меѓутоа, доколку истиот тој сметководител вработи 20 сметководители кои во замена за плата ќе му даваат 8h дневно, зборуваме за 160h. Секогаш овие 160h ќе донесат повеќе задоволни клиенти, иако со 70% квалитет, токолку 100% квалитетна работа само во 24h.
Од мултипликација на труд до финансиска независност
Финансиски независните луѓе имаат неколку пораки. Прва е инвестирање и прифаќање на стравот од неуспех, бидејќи спротивното сценарио е 100% сигурност дека никогаш нема да си финансиски независен. И второ, не дозволувај да западнеш во мисли кои ти велат дека не работиш доволно и единствен начин да се обогатиш е со дополнително работно време.
Како да го мултиплицираш твојот труд?
Биди ти тој што купува време! Едното решение/ опција е основањето на сопствен бизнис или другото е пасивното богатење. Повеќе информации за решенијата во следни постови или доколку си нетрпелив, пиши ни на info@networker.mk 🚀