
Сигурна работа- Мит или вистина
Многу често слушаме за “СИГУРНА РАБОТА” а ретко се запрашуваме што даваме ние за таа сигурност. Причината поради тоа е следната порака:
„На секој први плата, сигурно си е!“
Растени сме со мислењето дека најголема мака на претприемачите е трошокот за плати, а ако сме вработени тој магично исчезнува. Но, дали навистина исчезнува или само ние одбиваме да ја видиме таа несигурност бидејќи ни причинува немир?
Сигурност или кратковидост?
Во текот на КОВИД кризата видовме дека и „најсигурните“ позиции беа доведени под знак прашалник. Беше предложено да се намалат платите на јавната администрација. За каква сигурност зборуваме тогаш?
Сигурност vs одговорност
Ако некој е одговорен за тебе, не значи дека си и сигурен. Аналогно на ова, твојата сигурност или несигурност „лежи“ во рацете на оној кој е одговорен. Сигурноста е во одговорноста.
„Зајакот лежи“ во одговорноста
Замисли сценарио каде си во мала своја компанија каде судбината е во твои раце и од тебе зависи дали ќе ги намалиш платите, а не од одлука на Владата. И замисли уште подобро сценарио, каде во услови на експанзија одговорноста е капитал.
Одговорноста е капитал
Трчајќи по сигурноста, го продаваме единствениот ресурс кој не се купува со пари- времето. Толку вреди нашата „сигурност“. Меѓутоа продавајќи го времето, му овозможуваме на оној кој ја поседува одговорноста да го мултиплицира овој ресурс.
Другата страна на приказната
Во сигурната работа едно е сигурно- 100% несигурност бидејќи одговорноста не ти припаѓа тебе. Но, дали си спремен да ја ризикуваш привремената сигурност која ја дава работата за нешто што има бар некаква шанса да ти донесе финансиска слобода?
Решение
✅ Биди ти тој што купува време! Едното решение/ опција е основањето на сопствен бизнис или другото е пасивното богатење. Повеќе информации за решенијата во следни постови или доколку си нетрпелив, пиши ни на info@networker.mk 🚀