Имаш заштеда и сакаш да инвестираш? Сакаш да ги зголемиш своите месечни приходи? Постојат повеќе начини меѓу кои е и можноста да започнеш бизнис!

Потребно е само 24 часа да отвориш нов бизнис.

Но, тука е  најтешкиот момент… ја бараш идејата која ќе го промени светот, ќе реши проблем на пазарот и ќе биде одлично прифатена од купувачите. Најчесто сите сакаме да го измислиме следниот Facebook.

Сите претприемчиви луѓе тежнеат да ја пронајдат совршената бизнис идеја и да го инвестираат своето време во нејзино развивање. 

Како до одлична идеја?

Размисли за твојата идеја на поинаков начин… Овој пристап е нешто што им е заеднично на сите оние кои успешно изградиле профитабилен бизнис… Тие се успешни затоа што помагаат да се реши нечиј друг проблем, односно се олеснува животот на друг поединец. 

ДА! Твојата бизнис идеја треба да е вештина, знаење или продукт кој го решава проблемот на некој поединец, и за кое тој/таа се спремни да платат! 

Сигурно се прашуваш кој го направил тоа?

  • Uber

Uber го пронајде проблемот на високи тарифи на таксистите и го замени со опција секој да може да сподели возење за пониски трошоци. Нивниот сервис дури отпочна цела нова индустрија од која никнаа и други слични компании. 

  • Netflix 

Познатиот сервис за стримање на филмови Netflix не донесе еден клик од изнајмување на филм. Порано тоа беа изнајмувања од видеотека, симнување од нестабилни интернет страни кои беа бавни итн. Сега Netflix е најкористениот сервис за гледање филмови во светот. 

  • Udacity

Заменувајќи ги високите трошоци за факултет, Udacity наплаќа многу пониска цена за онлајн образование на самостојни студиски програми. Нуди се, од компјутерско инженерство, графички дизајн, па се до студии за најтрендинг работни позиции. 

Наш совет

Во нашата природа на однесување е да бидеме во заблуда поради тоа што имаме тенденција да ги игнорираме нашите сопствени вештини. Игнорантноста ни се појавува затоа што нашите познавања ни изгледаат толку лесни и едноставни на нас. Оттука, најголема грешка е тоа што претпоставуваме дека тоа е нешто што секој го знае… 

Не прави ја оваа грешка. Размисли како можеш ти со твојата експертиза и знаење да решиш секојдневен проблем на некој поединец? 

Имаш идеја но не си сигурен дали би функционирала?
Тестирај ја со методологијата Дизајн Спринт со Нетворкер.
Пиши ни на info@networker.mk и дознај повеќе.