Недела 5 во Академијата за развој на продукти ќе те научи како да ја истестираш твојата идеја и да добиеш релевантен фидбек за неа. Сето ова ќе ти помогне да го запознаеш твојот таргет пазар и да ја пласираш најдобрата верзија од твојата идеја која нема да потфрли.

Што е матрица за профилирање на идеален клиент?

Матрицата за профилирање на идеален клиент е техника со која ги прецизираш карактеристиките на твоите потенцијални корисници/купувачи. Во оваа недела ќе научиш како да ги определиш профилот на корисникот со кој ќе го тестираш прототипот кој научи да го правиш во Недела 4.

Како да ги најдеш твоите тестери?

Матрицата за Ideal Buyer Persona ќе ти помогне да ја искристализираш твојата перцепција за таргет пазарот. Со оваа техника ќе научиш да препознаваш што твојот потенцијален клиент чувствува, што би рекол или правел, како ја гледа твојата идеја и што слуша од другите луѓе. Врз база на оваа матрица ќе можеш да спроведеш прашалник од кој ќе ги исфилтрираш твоите идеални тестери согласно карактеристиките на твојот Ideal Buyer Persona профил.

Како се спроведува тестирање?

Во оваа недела ќе научиш како да тестираш. Тестирањата се еден вид интервјуа на потенцијалните корисници од кои ќе научиш многу за твојот прототип само од следење на нивните реакции и коментари. На крајот од целиот процес ќе сфатиш колку далеку може да одиш со твојата идеја и ќе знаеш што треба да преземеш како следен чекор.

Зошто медијаторството е паметно?

За добивање на искрен фидбек со Академијата ќе научиш како да стигнеш до тестери кои не ти се блиски луѓе или познаници и ќе ти ја споделат секоја своја лоша или добра мисла без двоумење. За најдобро да го спроведеш тестирањето, ќе добиеш совети за правилата, прашањата и за текот на секое тестирање со цел добивање на најдобриот фидбек. Она што е најважно е медијатоството, односно оваа процедура препушти ја на друго лице кое не е емоционално врзано со твојата идејата и може неутрално да го води процесот на тестирање.


Дознај дали твојата идеја е соодветна за Академија на развој на продукти со помош на 30 минутен онлајн состанок: https://calendly.com/sanjamitrovska/meeting