Доколку барем еднаш во животот си помислил/а на некоја идеја и си посакал/а да ја претвориш во бизнис, сигурни сме дека следната помисла била дали ќе ти успее. Решение на тоа е да ја тестираш со 5 корисници и да ги решиш своите дилеми.

Пет е магична бројка!

Јакоб Нилсен, гуруто на квалитативно и квантитативно тестирање на корисници, укажува дека било која идеја треба да се тестира само со 5 лица за да се дознае дали производот ќе се покаже како лесно разбирлив и прифатен од корисниците.

Според Јакоб Нилсен, потребните информации се добиваат од тестирање со само 5 специјално насочени корисници затоа што се добива увид дури до 85% за тоа како би бил прифатен производот. До 5-от корисник, последователно, резултати стануваат повторливи и се добива идеја и информација за она што би функционирало и исто така она што треба да се промени.

Дали со повеќе од 5 корисници технички се губи време?

Дадените повторливи информации значително се намалуваат и поврзаноста опаѓа. Тестирањето на повеќе од 5 лица нема да доведе до значително учење за патерните на однесување на тестерите, туку до непотребна работа поради фактот што бројот на нови сознанија брзо достигнува „точка на опаѓање“.

Со зголемување на бројот на тестери, кривата на добиени нови информации почнува се повеќе да стагнира. Наместо да вложувате дополнително време на останати тестери за да ги најдете преостанатите 15% од можните проблеми, подобро е да ги поправите тие 85% и потоа повторно да тестирате.

Тестирањето со 5 корисници, исто така, практично се вклопува во распоредот на Спринтот!

Корисниците не го тестираат целиот производ. Наместо тоа, тие се водени преку линеарно патување на некои основни карактеристики на производот.

Тестирањето со 5 лица ќе придонесе за 80-85% увид врз на твојот произовод доколку се почитуваат овие две правила:

1. Ако се постават вистинските прашања

2. Ако целната група на корисници е точна.

Затоа се прави темелно истражување за вистинските корисници на кои се тестира.

Интервјуата еден на еден помеѓу тестерот и фасилитаторот на Спринтот се незаменлив начин да се заштедат време и пари. Тие даваат моќ да се тестира фасада (прототип) од идејата уште пред да се изгради, лансира и пред сентиментално да се поврзеш со идеја.

Сподели ја твојата идеја и ќе ти помогнеме да ја тестираш!

Во NETWORKER веруваме во следната генерација на бизниси кои ќе го обликуваат општеството. Градиме компании посакувани од инвеститорите и им помагаме да дојдат до финансии со Google методологии за валидирање и тестирање на нивните идеи. Пиши ни на info@networker.mk и направи чекор кон твојата успешна бизнис приказна.