Ти треба структуриран процес за реализација на бизнис идејата која долго ја зборуваш, или едноставно сакаш промена во твојата кариера? – Тогаш научи ја Design Sprint методологијата со која Google ги развива своите продукти и ги решава сите интерни препреки.

Што е официјалната Design Sprint методологија на Google за развој на продукти?

Design Sprint-от е 5 -дневен интензивен процес што го изолира најитниот предизвик со кој се соочува една компанија и го решава преку тестиран прототип, драстично намалувајќи гo ризикот и трошоците за истиот. Развојот на продукти пак, се однесува на сите фази вклучени во развивање на продуктот од концепт или идеја до реализација.

Како во Македонија да научиш Google методологија од некој кој веќе го поминал патот?

Преку организација на Академија од страна на тимот на Нетворкер кој успешно организирал 50+ вакви работилници и гости експерти кои ќе бидат вклучени во практичниот дел: 

  • Нина Ангеловска, основач на Grouper.mk, револуционерна водечка платформа која ја обликуваше е-трговијата во Р.Македонија реализирајќи еден од најголемите егзити досега
  • Иван Ивановски, основач на најсимнуваната македонска апликација во cветот (2мил+ симнувања) наречена Bike Computer; 
  • Горјан Јовановски, основач на AirCare, апликацијата за квалитетoт на воздухот, која има над 200 илјади корисници е препознаена од страна на Forbes, Google, NASA, the UN и the Guardian; 
  • Никола Јордановски, основач на „Upshift“, технолошка компанија за дигитален пазар на труд која доби инвестиција вредна 3.7 милиони долари од Recruit’s HR Technology Investments;
  • Николина Цветановскa, основач на Digital Monday, Агенција за дигитален маркетинг и Monday Learning, преку која едуцирале 40+ студенти на Академиите за маркетинг и дизајн

Што ќе добиеш од оваа Академија?

  • Валидирање (proof of concept) на бизнис идеи
  • Генерирање и тестирање на go-to market стратегија
  • Соочување со кризи и планирање на раст
  • Креација на ценовна стратегија и финансиска анализа
  • Запознавање со алатките Figma, Mural, Trello

И последно, но не помалку важно, ќе добиеш знаење за самостојно организирање на Дизајн Спринт работилници кои најблиску се организираат во Берлин и ги наплаќаат од 20.000 до 70.000 евра. 

Дознај повеќе на: https://www.networker.mk/academy