
Намали ги трошоците и ризикот за реализација на твојата идеја
Многу важен аспект во креирањето и лансирањето на идејата е реакцијата од корисниците. Неретко се случува идејата да биде лансирана, но да добие негативни реакции од раните корисници. Како резултат на споменатото, во подоцнежните фази е неопходно длабинско тестирање кое ќе ги открие проблемите. Меѓутоа, ова е потешкиот и финансиски поболниот пат, резултирајќи во високи трошоци и загубено време.
Да го земеме како пример трошокот за ангажирање на еден програмер? Колкава инвестиција е оваа? 1.000 евра? 1.500 евра месечно? Дополнително, колку месеци се потребни за градење на самата апликација? И колку плус години за да се усоврши?
Методологијата на Дизајн Спринт е „ограничена“ на пет дена, поставувајќи притисок да реагираме брзо, да се фокусираме на проектот, да бараме едноставност и ефикасност. Исто така, осигурува најбрз поврат на инвестицијата: многу идеи и експерименти за екстремно кратко време. Ова е она што не воодушеви нас во Нетворкер!
Вистинската финансиска добивка на Дизајн Спринтот не е заштеденото време за визуелен дизајн. Се работи на конзистентност на искуството на вашите клиенти и поедноставување на карактеристиките на продуктот. Сè што ќе се покаже како непотребно низ тестирањето во рана фаза, нема да биде дел од проектот и за истото нема да се потребни трошоци за развој. Тука лежи ROI (повратот на инвестицијата) на Дизајн Спринтот. Заштедувате дополнителни трошоци со тестирани идеи кои се поблиску до навиките на корисникот.
Размислете повторно за трошоците за ангажирање на програмер од над 1000 евра месечно. Поштедете го неколку недели работа со поедноставување или отстранување на еден куп бескорисни карактеристики со тестиран прототип без линија код. Валидираната идеја и тоа како ќе ви заштедат финансии и време, останувајќи со сите нерви на број 🙂
Во NETWORKER веруваме во следната генерација на бизниси кои ќе го обликуваат општеството. Градиме компании посакувани од инвеститорите и им помагаме да дојдат до финансии со Google методологии за валидирање на нивните идеи. Пиши ни на info@networker.mk и направи чекор кон твојата успешна бизнис приказна.