Не е реткост да слушнете дека одделувањето повеќе часови за работа ќе го забрза кариерниот успех. Но, ако сакате да го подобрите балансот помеѓу работата и приватниот живот ние имаме уникатни совети од светски истражувања кои не се клише и веќе видени…

1. Што е важно… и кој?

Фразата work-life баланс некогаш може да предизвика повеќе штета отколку корист бидејќи предлага да ги ставите овие две работи една наспроти друга. Наместо тоа, треба да размислите како различни делови од вашиот живот делуваат меѓусебно. Прво, да размислите ШТО ви е важно и КОЈ навистина ви е важен во животот.  Одговорот ќе го најдете ако се запрашате:

Како да создадам живот што сакам да го живеам и кој ќе ме поддржи во тоа?

Пример, итна задача треба да е готова до утре и сакате да ја завршите, но треба да работите до подоцна, сепак не сакате да испуштите рутина од вашиот приватен живот. Пробајте да најдете компромис со надредениот преку предлогот да ја завршите задачата доколку дојдете утредента порано на работа.

2. Заборавате на себе?

Можеби boost на краток рок изгледа добро, но ако сакате да сте успешни, важно е да играте долгорочна игра. Запрашајте се:

Се чувствувам ли уморно, гладно, осамено…?
Дали ги одржувам врските во мојот живот?
Дали ми е тешко да не работам дури и во слободни денови?

Експертите советуваат дека мора да се најде алатка во брзото темпо на живот. Пример медитирање, едноставно паузирање за слушање на околината (вашиот здив, звук од природата, па дури и типкање на копчиња од тастатури во вашата канцаларија). Во work-life балансот, доколку сте насочени кон работата нема да сте попродуктивни или поуспешни. Баш спротивно. Во основа, го тренирате мозокот да не биде во постојано брзање и почнувате да се чувстувате поенергични за предизвици. Без тензија, ќе најдете начин да ги поминете.

3. Што е нормално?

Триковите кои често ги читате за воспоставување на work-life баланс некогаш се стапица, затоа што постојано се покажува како товарот да е само на ваш грб и последица од ваше неумешно балансирање.

Наместо тоа, експертите сметаат дека и работодавците имаат удел врз работниците и нивното размислување. Главна цел во работната околина е да се постави здрав став кон кариерата и поголемата продуктивност од која имаат бенефит двете страни ќе дојде сама по себе.

Во NETWORKER веруваме во следната генерација на бизниси кои ќе го обликуваат општеството и work-life балансот. Градиме компании посакувани од инвеститорите и им помагаме да дојдат до финансии со Google методологии за валидирање на нивните идеи. Пиши ни на info@networker.mk и направи чекор кон твојата успешна бизнис приказна.