
Како да станеш LDJ фасилитатор мастер
Ако некогаш сте се почувствувале дека одреден состанок можел да помине и подобро, време е да прочитате и слушнете за LDJ методот бесплатно и во детали.
Методот се користи за се што бара група на луѓе да помогнат во донесувaње одлуки, да решат проблеми или да согледаат нови предизвици. Секогаш е добро да се постави сесија на LDJ со опширна тема како на пример:
- Подобрување на работна етика и култура
- Подобрување на продажбата
- Подобра координација на работа од дома
- Како да се биде во чекор со конкуренцијата
- Како да се организираат настани
- Подобрување на маркетинг стратегијата
Изберете модератор за тимот
Првиот чекор што треба да го направите е да изберете некој од тимот да ја превземе улогата на модератор. Овој член од тимот може да се вклучи во процесот како и сите други, но првично мора да се фокусира на тоа да се осигура дека дискусиите не застрануваат и да внимаваат на времето. Оваа улога може да се ротира на секоја следна сесија од LDJ.

Чекори:
1. Започнете со работи кои функционираат
2. Насочете се на наоѓање на сите проблеми
3. Дознајте кои се приоритетни проблеми
4. Претворете ги проблемите во предизвици
5. Предложете решенија
6. Приоретизирајте ги решенијата
7. Одлучете на матрица што да извршите
8. Направете акционен план
Идеална големина на група
За да го направите овој процес вреден, ќе ви треба вложен малку труд и различни мислења. Не го правете тимот преголем, поради тоа што логистиката за водење низ процесот станува потешка. Технички, може да го користите LDJ со само 2 лица, но обично препорачуваме минимум 3. Идеална големина на тим е од 4 до 6 лица, а максимална е 8 лица (колку повеќе лица има во тимот, толку повеќе работи се запишуваат кои во голем дел може да се повторуваат и се тешки за следење). Всушност, може да водите LDJ со онолку луѓе колку што сакате, но најдобро е да се поделени во помали групи.
Вкупно време потребно
Времето за завршување на процесот зависи од вештината на модераторот и комплексноста на проблемот или идејата. Процесот максимум трае час и половина. За поедноставни проблематики и искусен тим може да биде и пократко. Се разбира, поради искуството првиот пат кога се спроведува LDJ времето може да потрае малку подолго од просечно предвиденото.
Како да бидеш LDJ Master
Networker веќе подолго време користи LDJ метод. Мотивирани од фактот дека секој проблем може да се претвори во предизвик, одлучивме во овој пeриод да помогнеме на бизнис заедницата во полесно соочување со КОВИД-19. За таа цел одржавме бесплатен вебинар кој можете да го погледнете тука и да ги слушнете сите трикови како да успеете во спроведување на LDJ методот.
Во NETWORKER веруваме во следната генерација на бизниси кои ќе го обликуваат општеството. Градиме компании посакувани од инвеститорите и им помагаме да дојдат до финансии со Google методологии за валидирање на нивните идеи. Пиши ни на info@networker.mk и направи чекор кон твојата успешна бизнис приказна.