
ФИТР совети од „паталци“, а не „гаталци“
На нашиот вебинар „Како до финансии за твојата идеја од ФИТР“ кој го одржавме минатата недела во кратка временска рамка сакавме да споделиме многу нешта за оние кои беа спремни да слушаат.
Среќни сме и горди на бизнис заедницата поради фактот што потоа нè контактираа силни, одлучни и успешни луѓе кои превземаат иницијатива и во овај период.
Тука ќе ви дадеме краток осврт на тој продуктивен час и половина каде зборувавме за:
- ФИТР Спринт како Google методологијата за развивање на идеи
- Нашиот разновиден тим од експерти кој ја разработува идејата до детали
- Новиот повик од ФИТР за кого можете да прочитате повеќе тука
- Совети во оформување на буџет од ФИТР апликација
- Успешни приказни/ интервјуа со апликанти во ФИТР
Свесни сме дека е тешко да се осмисли комплетна и „опиплива“ услуга која ќе заинтересира потенцијални клиенти, а истовремено да биде едноставна и интересна за користење.
Поради тоа, нашиот тим од финансиски, дизајн и маркетинг експерти го ставаме во функција на дефинирање на идеја прифатлива за ФИТР повикот и финансиски издржана проектна апликација за истиот.
Тоа што ние го правиме со помош на ФИТР Спринтот, сметаме дека е „тајната состојка“ зошто 100% од нашите проектни апликации стигнуваа во финална фаза.
Станува збор за валидирање на бизнис идеите со помош на прототип кој го потврдиле идеални клиенти, врз база на чии тврдења подоцна се изготвува буџетот. На овој начин проектираните приходи и трошоци се кредибилитетни, правејќи ги побараните средства од ФИТР продуктивна инвестиција.
Кога сме кај буџетот, советувавме да внимавате на:
- Насоките за тоа кои трошоци ФИТР ги смета за подобни
- Методот на амортизација кој го користите, за да не се „јаде“ непотребно добивката
- Добра дистинкција на директни и индиректни трошоци
- Маркетинг трошоците, односно нивната прифатливост и сл.
Првото интервју беше со Иван Ивановски, CEO и Founder на Bike Computer, кој советуваше при аплицирањето во ФИТР да се обрне внимание на следните нешта:
- Да не се тргнува со предрасуди дека средствата се одобруваат со „врски“ и тоа да се користи како изговор со кој ќе се „замачка“ непрофесионално подготвената апликација.
- Да се посвети време на проектната апликација и посочување на иновацијата преку валидиран прототип.
- Да не се потпирате целосно на средствата од ФИТР, односно тие да се единствениот начин за опстанок на Вашата компанија.
Втората успешна приказна е на Симона Стаматовска, одговорна за маркетинг и комуникации во GSIX, која од искуство при подготовка на проектот Pedaless, потенцираше дека: - Пишувањето на проектот да не биде оставено на оној кој ја креирал идејата, со цел наједноставно изразување и комплетно разбирање на идејата од некој кој не бил директно вклучен во процесот на иновација.
- Детална елаборација на продуктот за кој се побаруваат средствата, било прекуприкажување на развиен продукт или прототип.
- На проектната апликација да работи мултидисциплинарен тим, во насока на опфаќање на важните аспекти од бизнисот, но и стандардите на ФИТР формуларите за проектот.
Како упорен претприемач, кој веќе неколку пати аплицирал во Фондот, Бранко Стојановски со својата иновација DOMIO нагласи: - Да не се занемарува техничката подготовка на проектната апликација, која е независна од иновацијата на продуктот за кој побарувате средства. Односно, залудно е иновативен продуктот, доколку експерт за проектни апликации соодветно не го објасни.
И за крај Марио Томов – основачот на Селектирај Отпад, апликација која е во финална фаза на одобрување на ФИТР, посочи дека процесот е комплициран и забавен истовремено. Неговиот совет беше: - Доколку сте некој кој сака да добие средства од ФИТР, не држете се „себично“ до својата идеја и дозволете на ФИТР Спринтот да ви покаже каде е пазарот и кој бизнис модел најдобро би бил оценет од Фондот.
Прочитајте повеќе за ФИТР Спринтот ТУКА.