2020- Година на трансформација и прифаќање

Последната година беше година која го стави на тест секој аспект од нашето живеење. Пријателствата, браковите, врските, вклучително и бизнисите беа ставени пред прашањето ,,Колку сме флексибилни и спремни да се менуваме”?

Воедно, кризава ни посочи уште еден поважен момент- Колку сме спремни да ги прифатите новите услови, не подлегнувајќи на така примамливото ,,плачење” за ковид проблемите и да научиме како истите да ги претвориме во можност.

Кога на кризните моменти се гледа како можност за дополнителен приход

Влатко Сулев и неговиот тим се фантастичен пример за споменатото мислење. Токму нивниот сектор имаше милион изговори зошто да не се трансформираат:,,Па ние сме најпогодени” ; ,,Оваа година ќе беше најдобрата година според посетеност од странски туристи” итн.. Но, Влатко сфати дека таквиот став нема да ги подмири трошоците на компанијата, ниту пак ќе направи да се чувствува подобро.

Ковид кризата не натера поблиску да погледнеме во вредноста на тимот

Вистинската насока на размислување во кризата беше и сеуште е, да се детектираат силните страни на компанијата и истите искористат за друга намена која ќе генерира проходи. Таквите јаки страни, во случајот на Balkan Prime Tours беа продажните вештини, кои неколку години претходно ги направија лидер на нашиот пазар во продадени тури на странски оператори. Дополнително, додадена вредност на неговиот тим беше флуентноста во 7 странски јазици, која комбинирана со продажните вештини испадна да е добитна комбинација за посредување во извозот на медицинските материјали кои во кризата беа неопходни.

Иновативноста како резултат на неопходност за опстанок

Кога прв пат Влатко дојде кај нас на состанок, веќе позади себе имаше тестирано и успешно посредувани неколку зделки. Интересното беше што тоа го имаа направено не затоа што планираа, туку затоа што мораа за да генерираат некакви приходи. Меѓутоа, после успешно затворените зделки во вредност од неколку милиони долари, сфатија дека покрај спас од кризава ова е бизнис кој може да носи сериозен приход и во добри денови. 

Валидирање на бизнис моделот со помош на Нетворкер

Иако тимот на Приме Тоурс имаше склучено неколку зделки, главните точки кои не беа одговорени за добивање на средства од ФИТР беа изработка на некаков прототип од платформата и докази за тестирање на истата од страна на клиентите. После тестирањето се потврди исплатливоста на идејата и со помош на документиран материјал, предвидените приходи и трошоци во проектот добија поголема веродостојност. Сето тоа, резултирајќи во одобрена апликација и успешна трансформација!  

Само 1% од луѓето го прават првиот чекор за реализирање на нивната идеја. Направи го и ти, пиши ни на info@networker.mk и дознај повеќе.