Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) апсолутно може да се каже дека успева да ги ,,раздвижи“ претприемничките потенцијали во Македонија. Еден директен доказ е Марио Томов, кој пред нешто помалку од година дена закажа состанок во Нетворкер со цел аплицирање во ФИТР со својата идеја. Низ продуктивни работилници, од една сосема различна идеја на почеток се успеа да се стигне до идеја која доби 30.000 евра од фондот, но и концепт поддржан од лидерот во таа индустријата- Пакомак. Како стигнал до својата идеја Марио објаснува: 

,,Гледајќи го расфрланиот отпад на сите страни, дојдов до идеја истиот да се преработи со цел почиста животната средина. Првичното решение, односно идејата со којашто дојдов на состанок во Нетворкер беше да се направи фабрика за рециклирање на пластични шишиња.”

По неколку одржани состаноци и направената анализа, беше заклучено дека започнувањето на бизнис за рециклирање бара премногу финансии и големи почетнички трошоци (машини, простор, луѓе и време) кои на почеток за Марио, кој тогаш работеше полно работно време и располагаше со ограничен буџет, беше проблем. Воедно, таквата инвестиција немаше да биде покриена од повикот Стартапувај. Аналогно на тоа, советот од Нетворкер беше да се дефинира идејата со помош на Спринт и обликува според потребите на пазарот, критериумите на фондот, но и желбите на Марио. 

,,Со помош на подготвителната работилница, која се прави пред Спринтот, одлучив како првична идеја од која ќе тргнеме да биде мобилна апликација која би ги спојувала компаниите кои прават отпад со компаниите кои го рециклираат. Но, после експертските интервјуа кои беа предвидени во првиот ден од Спринтот, увидов дека оваа идеја и не е така генијална како што мислевме. Еден од експертите, кој остро ја критикуваше оваа идеја, беше директорот на Пакомак. Скапоценото во оваа критика беше што во себе криеше и потенцијално решение, кое подоцна го детектиравме со помош на креативните сесии и скечирање. “

Резултатите од Спринтот беа следните: Прототип на споменатото решение, т.е. мобилна апликација наречена ,,Селектирај отпад” и директен фидбек за корисничкото искуство од 5 идеални клиенти. Базирајќи се на направените тестирања, беше јасно дека апликацијата е интересна и ќе го мотивира селектирањето на отпад. Дополнително, проектираните приходи во проектната апликација за ФИТР беа поддржани од реалниот фидбек од корисниците и обезбедените писма за намери. Сето тоа водеше до успешна проектна апликација, но и добро изграден бизнис модел. 

Пораката на Марио е дека не знаете до која идеја ќе ве донесе ФИТР Спринтот, но сигурно ќе биде идеја со висок потенцијал за приход и инвестиција. 

Имаш идеја, но не знаеш како до финансии? Пиши ни на info@networker.mk и дознај повеќе.