Да не се успее два пати и да се проба по трет пат е вистинска храброст. Токму поради тоа, одлучив да ја споделам приказната на ДОМИО и храбрите Хадисен и Бранко кои иако два пати беа одбиени од Фондот за Иновации и Технолошки Развој (ФИТР) веруваа дека нивната идеја е добитна и пробаа како ,,трета среќа” да ги искористат нашите услуги.

This image has an empty alt attribute; its file name is image-1024x950.png

Навидум сè околу идејата зрачеше со иновативност. Проблемот беше што таа иновативност не беше објаснета на разбирлив начин, ниту пак низ призма на пазарниот потенцијал кој го поседува. Исто така, не беше посочено зошто истата е потребна на пазарот и дали ќе се продава. 

ДОМИО уредот и причините за одбиена апликација 

ДОМИО е функционален уред, кутија, поврзана со мобилна апликација преку која ќе се контролираат уредите во домот, било обични или паметни. Дополнително, кога чувме дека вакво нешто комплетно се произведува во Македонија, сфативме дека проблемот за одбиените апликации не е во идејата. Водени од тој заклучок, уште на прв состанок ги напишавме сите јаки страни на проектот, што во овој случај беа: иновативна технологија, компетентен тим, веќе готов прототип од производот. Потоа, по заедничко разгледување на претходните проектни апликации преминавме на слабостите и причините зошто истите биле неуспешни. 

Со ФИТР Спринтот до 80% поголеми шанси за успешна апликација

Главна цел на нашата работилница беше да ги елиминираме тие недостатоци. Клучен и прв недостаток беше лошо подготвената финансиска конструкција на бизнисот, за која и сам Хадисен спомена: ,,Одлично ја рабираме техничката страна од производот, но финансиите ни се слаба страна и ги ставивме од ракав”. 

Профилирање на идеалниот купувач и одредување на таргет пазарот

Втор проблем беше тоа што на ниту еден начин немаа покажано кој е идеалниот купувач на ДОМИО, каква потреба им задоволува тој производ и колку истите се спремни да платат за него. Во претходните апликации имаа одлучено ДОМИО да се продава на домаќинства, додека пак со нашиот Спринт се покажа дека интересот е уште поголем кај инвеститорите кои градат нови станови во Скопје. На овој начин директно се таргетира поголем пазар со помал трошок затоа што се продава од бизнис на бизнис. 

Базирање на приходите врз база на реални докази

Во претходните проектни апликации, приходите не беа потврдени со писма за намери кои во тој момент дознавме дека Хадисен може лесно да ги набави затоа што веќе имал заинтересирани купувачи од Труција. Дополнително, со Спринтот го тестиравме прототипот на мобилната апликација и веб сајтот на инвеститорите кои градат згради во Скопје, докажувајќи дека 70% од нив се спремни да платат. Вака предвидениот поврат на инвестицијата и цврсто изградената проектна апликација го потврдија концептот на ,,трета среќа” за ДОМИО.

Само 1% од луѓето го прават првиот чекор за реализирање на нивната идеја. Направи го и ти, пиши ни на info@networker.mk и дознај повеќе.