🎯Малку историја

Сторибордот потекнува и е вообичаена практика во филмската индустрија. Накратко, Дизни му дал признание на аниматорот Веб Смит за создавање на идејата за цртање сцени на одделни листови хартија и нивно прикачување на огласна табла за да раскаже приказна во низа, создавајќи ја така првата “табла со приказни”. Дизни бил првиот кој ја препознал потребата филмските студија да имаат посебен „оддел за приказни“ со специјализирани уметници за приказни (т.е. ново занимање различно од аниматорите), бидејќи сфатил дека публиката нема да гледа филм освен ако приказната не им даде причина да се грижат и поврзат со ликовите. Таблата со приказни или сторибодот сега е суштински дел од креативниот процес.

🎯Која е примената во спринт

Многу е полесно да се промени сторибордот односно делови од приказната отколку да се прават промени на веќе готовата анимација. Па така и во спринтот. Многу е полесно да се направат промените пред да се почне со прототипот. Ние го користиме сторибордот како визуелен наратив кој ни покажува што се случува во секоја фаза. Тој е сочинет од сите најдобри идеи кои сме ги изгласале во спринтот. Сторибордот е приказната која треба сите вклучени страни да ја разберат пред да се продолжи во следната фаза – прототипирање.
Приказните претставуваат ефикасен начин за пренесување и истражување на искуства во процесот на дизајнирање. Со сторибордот покажуваме како прототипот ќе работи и неговата цел е да го разбереме протокот на интеракција на луѓето со производот во текот на времето, давајќи ни јасно чувство што е тоа што е навистина важно за корисниците.

🎥 На прв поглед сторибордот може да изгледа како најдосадниот (и лошо нацртан) комичен стрип. Но за нас тоа претставува најголемото ремек дело. Зошто? Бидејќи емпатизираме со луѓето и процесот. Добиваме поголемо разбирање и покажуваме како производот ќе биде користен и во кој контекст. Ги забележуваме проблемите и сите потенцијални нејасни точки пред да почнеме со изработка на прототипот. ✅

📍Сторибордот е одлична визуелна алатка бидејќи:
Се креира подлабоко разбирање
Сликите зборуваат погласно од зборовите
Помага во емпатизирање на луѓето и процесот
Ни покажува како продуктот ќе биде користен и во кој контекст

Само 1% од луѓето го прават првиот чекор за реализирање на нивната идеја. Направи го и ти, пиши ни на info@networker.mk и дознај повеќе.