Првата идеја е најверојатно погрешна

Причината поради која со сигурност го потенцирам ова е што во Нетворкер првите три месеци од основањето правевме сè погрешно. Бев убедена дека најголемиот приход ќе доаѓа од услуги кои сега не ги работиме, додека пак оние кои се најпрофитабилни во тој момент не ни знаев дека постојат. 

Носењето на брзи одлуки e најважната карактеристика на успешен претприемач

Еден добар ментор од минатото ми напомена дека носењето на брзи одлуки е клучната причина поради која ќе имам успех во бизнисот. Во тој момент не бев целосно свесна што значи тоа, но сега сум убедена во истото и најдобро би го обjаснила со пример.

Од една страна имаме претприемач А кој е промислен, внимателен и перфекционист, а од друга страна е претприемачот Б кој без многу размислување носи брзи одлуки и не се плаши од грешка. Она што ќе се случи откако ќе ја лансираат својата идеја на пазарот е прикажано на графикот:

Соочување со „шамар од пазарот“ при лансирањето на идејата

После соочување и тестирање на идејата со првите клиенти, ќе се појават и првите проблеми претставувајќи го т.н. „шамар од пазарот“. Кривата на прогрес на идејата ќе започне да паѓа, нешто сосема очекувано кај секој стартап, сè до оној момент додека не се согледа вистинската потреба на пазарот. Најчесто овој процес трае првите 3 до 6 месеци кај новите бизниси и најважна во тој момент е флексибилноста.

Реакцијата на претпремачот А и претприемачот Б

Проблемот што се појавува кај претприемачот А е што може и да не ја воочи потребата, дизајнирајќи перфектно идеја која е погрешна уште од почеток. Додека да ја соочи својата идеја со пазарот, финансиите во поголем дел ќе се потрошени и неговата компанија ќе е во критична состојба.

За разлика од него, претприемачот Б ќе донесе одлука побрзо да ја соочи својата идеја со пазарот и ќе направи побрзо грешка, но бидејќи носи брзи одлуки ќе му треба и кратко време за да ја поправи. Доколку се вратиме на графикот за прогрес на идејата, повторно и во случај А и Б кривата ќе е иста, но времето потребно за прилагодување ќе е далеку пократко кај претприемачот Б– обезбедувајќи му конкурентност на пазарот и намалени трошоци.

Нетворкер Спринтот како одговор на „шамарот од пазарот“

Во првите месеци од постоењето на Нетворкер го сфативме тоа. На стартапите им треба алатка со која ќе го надминат првиот „шамар на пазарот“ брзо и со најмал можен ризик од неуспех. Поради тоа ја имплементиравме Google методологијата на Нетворкер Спринт која овој 3-6 месечен период го намалува на 5 дена.

Прогресот на идејата со Нетворкер Спринт

Кривата на прогрес опаѓа повторно, но само во првиот ден кој е наменет за „убивање на идејата“ со помош на експертски интервјуа. Споменатите експерти се всушност оние кои ќе бидат првите критичари доколку оваа идеја излезе на пазарот.

Вториот и третот дена се наменети за скечирање на решенија и развој на подобрената верзија од идејата, додека пак четвртиот ден е наменет за прототипирање. Така дизајнираниот прототип, петтиот ден се тестира на 5 идеални купувачи со цел уште едно собирање на информации.

Аналогно на споменатото, Нетворкер Спринтот беше нашиот одговор на потребата на пазарот- методологија со која се носат брзи одлуки и истите се итерираат, овозможувајќи му и на претприемачот А шанса за успех и брзо прилагодување.

Пиши ни на info@networker.mk и направи чекор кон твојата успешна бизнис приказна.