SPOT | Најефикасниот канал до лојалните купувачи

SPOT е мобилна апликација која на бизнисите им овозможува директно да ги насочат своите промоции кон клиентите кои имаат најголема шанса да купат. Од друга страна пак, за корисниците претставува личен шопинг асистент кој според нивните преференциите известува кога тоа што планираат да го купат е на попуст. Апликацијата во форма која ја гледаме денеска e развивана 3 години со цел решавање на секојдневен проблем воочен од основачот на SPOT.

Идеја со јасно насликана визија, но без компас

На прашањето во која фаза беше апликацијата пред почетокот на соработката со Нетворкер, тој потенцира: „СПОТ беше идеја со јасно насликана визија, но без компас. Апликацијата беше 80% готова, но беа потребни финансии. Не знаев колкава инвестиција е потребна, ниту пак знаев како да ги предвидам приходите. Ми беше потребен водич како тоа што го замислувам да го пренесам низ бројки пред потенцијалните инвеститори- нешто на што дотогаш немав ни помислено.“

Финансиската конструкција на бизнисот и едукација

Од бизнис кој немаше предвидено колку инвестиција му е потребна, се стигна до проекции на финансиите поткрепени со факти и нивното движење во следните години. Беа предвидени три сценарија и коефициенти за поврат на инвестицијата зависно окружувањето, со цел истакнување на атрактивноста на SPOT. Воедно, така проектираните приходи помогнаа во поставувањето на таргети за продажна и маркетинг стратегија, севкупно подобрувајќи го бизнис концептот. Основачот на SPOT за искуството во овој дел дополнува: „Добив нетворкинг со 10 инвеститори и други бизнис соработници до кои сам не можев да стигнам. Но, добив и менторство во самото менаџирање на бизнисот и охрабрување побрзо да „рипнам во базенот на претприемништвото“ бидејќи никогаш нема да е перфектно време за лансирање“.

Нетворкер Спринтот и претставувањето на идејата во вистинско светло пред инвеститорите

Компресираниот процес на Спринтот овозможи SPOT да стане атрактивен за инвеститорите. Преку истражување на најмалку 30 успешни примери од компании кои добиле инвестиција успеавме да ја затвориме финансиската конструкција на бизнисот, поткрепиме со факти и изготвиме победнички pitch deck на ниво на Airbnb и Facebook. Генерална проба за презентација на идејата беше задолжителна и послужи во справување со тремата.  

Изборот на вистинскиот инвеститор

Наоѓањето на инвеститор е сериозно обврзување и неретко се потенцира дека содружник во бизнисот е слично на сопружник во бракот. Најдобро за овие стравови објаснува самиот основач: „Бев загрижен дали ќе го најдеме вистинскиот човек со кој би сакал да делам бизнис, затоа што финансиите не ми беа единствено важни. Од заинтересираните инвеститори запознав 7 и од четворица добивме зелено светло. На крај одбрав да одам само со еден инвеститор, за кој може сега уверено да кажам дека беше вистинскиот. “

Лекцијата од патувањето со Нетворкер и наоѓањето на инвеститор

Како лекција од заедничкото патување основачот на SPOT потенцира: „Инвеститорите имаа различни видувања на идејата, неретко конфликтни помеѓу себе и мојата работа беше да останам мотивиран и свој со истовремено размислување како да ги инкорпорирам предностите на секое мислење. Клучна е пасијата, затоа што инвеститорите вложуваат во човек, а не идеја“. Дополнително, неопходни беа разговорите со 50 дотогашни клиенти кои тимот на SPOT ги имаше направено. Споменатите, надополнети со одличната финансиска конструкција влеваа сигурност дека овој бизнис се обидел да го запознае пазарот и проблемот кој го решава.