Има многу причини зошто луѓето сакаат одредени светски и домашни продукти или услуги. Едно е јасно… сите успешни приказни имаат нешто заедничко –  решаваат вистински проблеми на корисниците. За среќа на оние со претприемачки дух, во човековата природа е секогаш да бара побрзи, подобри и попаметни начини за исполнување на целите во животот.

Поради тоа, кога размислуваш за отпочнување на бизнис со одредена идеја, најдобро е прво да се запрашаш и искрено да си одговориш дали:

  • Идејата решава одреден проблем на потенцијалните корисници?
  • Идејата може реално да создаде нова потреба кај купувачите?
  • Идејата значително подобрува некој постоечки продукт или услуга?

Доколку на барем едно од овие три прашања одговорот е „ДА“ , имаш големи шанси да изградиш успешна бизнис приказна. Но, доколку одговорот е „НЕ“, те молиме прескокни на нова идеја.

Изгради неопходен производ или услуга

Корисниците имаат мал милион опции на дневна основа. Времето кое тие го насочуваат кон нова можности станува се пократко поради зголемениот број на нови производи и услуги. Ова значи и дека се помала е шансата твојот производ/услуга да го задржи нивното внимание.

Затоа наместо да се трудиш да се истакнеш со некој производ и да им докажуваш дека е добро да го имаат, направи производ кој мора да го имаат. Креирај им потреба по принципот на светскиот Apple и биди креативен решавач на проблеми. Покажи им на корисниците дека ти им нудиш решение за проблем кој не се ни свесни дека го имаат. Создади свој пазар!

Не биди копија, биди оригинал

Можеби првиот начин ти изгледа комплициран и сакаш да почнеш и со нешто полесно и пореално. Си забележал успешен бизнис модел од некоја реализирана идеја? Не ни помислувај дека можеш да го направиш и ти тоа затоа што некој пред тебе успеал. Тој дел од пазарот е веќе исполнет, проблемот на корисниците е веќе решен и нема да ти донесе ништо значајно.

Наместо копија на веќе постоечка успешна приказна, размисли за оригинална идеја која ќе реши проблем кој сеуште мачи некои потенцијалните корисници. Инспирирај се од она што постои на пазарот и потруди се да го надоградиш и да понудиш далеку подобро, побрзо и попаметно решение од постоечката идеја. Истакни се меѓу другите!

Следи ја својата пасија

Најуспешните луѓе се опседнати со решавање на некој важен проблем. Таквите претприемачи освен што си го сакаат својот бизнис, решаваат некој проблем што лично им е важен. Ова е клучен момент. На крај, доколку веќе имаш пасија сигурно не сакаш да потфрлиш во градењето на бизнисот. Поради тоа „напиши си ја домашната работа“, валидирај ја твојата идеја и потврди дека имаш пазар за истата.

За да можеш да го направиш ова побрзо и со помали трошоци испробај го Нетворкер Спринтот и бенефитите од диверзифициран тим кој ќе ја развие твојата идеја од финансиски, маркетинг, дизајн и бизнис аспект заедно со тебе.

Пиши ни на info@networker.mk и направи чекор кон твојата успешна бизнис приказна.