Инспирирано од Entrepreneur Asia Pacific, an international franchise of Entrepreneur Media

Првично значајно е да се разбере дефиницијата на тоа што се стартапи, бидејќи токму таму се кријат клучните карактеристики- ризик и огромен потенцијал за раст! Иако, независно од дефиницијата, порано беа потребни богатство и добри конекции за да се инвестира во истите, додека пак сега секој инвеститор можат да зграпчи дел од овој возбудлив тренд.

Предизвикувачки е  да се понуди прецизна дефиниција за стартап. Тоа може да биде нова компанија што создава нов производ или услуга во услови на екстремна несигурност или компанија која има за цел да реши проблем кадешто решението не е очигледно и успехот не е загарантиран. И во двата случаи, потенцијалот за раст е голем.

Како и да ги дефинираме стартапите, порано беа потребни богатства и добри конекции за да се инвестира во истите. Сепак, ова повеќе не е така, а просечните инвеститори лесно можат да зграпчат дел од возбудливата можност за стартап инвестирање користејќи сајтови за групно финансирање. Меѓутоа, инвестирањето во стартап е профитабилно, но важно е да се разбере дека доаѓа со големи ризици. Најголем дел од стартапите не успеваат- дури и кога продуктот е добар, пазарот може да не е спремен. Затоа, како тренд во инвестицискиот свет се појавува ко-инвестирањето во стартапи со цел намалување на овој ризик.

Трендот на ко-инвестирање

Здруженото вложување во стартапи т.е. ко-инвестирањето, станува се повеќе докажана стратегија за портфолио инвестиција во  стартап светот, со оглед на тоа што ваквите инвестиции се двојно зголемени на износ од 104 милијарди долари од 2012 година. Споделувањето можности и заедничкото инвестирање се разумна стратегија како и во досега познатите инвестициските фондови, за успешно инвестирање и делење на ризикот. Се почесто гледаме успешни професионалци, кои во потрага по пасивно богатење и нетворкинг со забавни претприемачи се јавуваат како ко-инвеститори.

Со поканувањето на нови инвеститори во различните фази од развојот на стартапите, инвеститорите може да ја измерат вредноста на компанијата во којашто вложиле и потенцијалниот принос. Оваа валидација ги охрабрува инвеститорите да продолжат со здруженото вложување во други стартапи, со оглед на тоа што направиле добра проценка на проблемот кој стартапот го решава.

Дополнитено, ко-инвестирањето е можност стартапите да ги задржат инвеститорите на патувањето подолго, низ подемите и падовите и подалеку од кварталните извештаи кои не ја одразуваат визијата. Причината за трпението на инвеститорот и непропуштањето на идно зголемување на вредноста на стартапот, со пребрзан излез од истиот, е фактот што не вложил само на едно место. Здруженото вложување му овозможило да вложи помали суми во повеќе стартапи истовремено.

Платформи за инвестирање во стартапи 

Обичните луѓе може да инвестираат во стартапи преку сајтови за групно вложување. Платформите за инвестирање во стартапи нудат голем избор на компании и овозможуваат да се започне со вложување и од 1000 евра по стартап. Некои од нив се:

  • AngelList
  • Wefunder
  • SeedInvest
  • StartEngine
  • Republic

За жал, ваквите платформи сеуште не се достапни во Македонија, поради законски и платежни пречки. Аналогно на тоа, единствен начин да влезете во стартап светот во нашата држава е преку познаници кои веќе имаат бизнис и се во оваа индустрија и со влогови започнувајќи од 20тина илјади евра. Но, наша цел е да го промени тоа преку финансиска едукација на идните инвеститори и нивно спојување со најдобрите стартапи кои верувајте, од нашето 3 годишно искуство ги има се почесто!