Кога ќе направиш грешка на работа, дали ја повторуваш во твојата глава со денови или дури со недели? Овој вид на претерано размислување се нарекува „преживување“ и може да доведе до сериозна вознемиреност. За да излезеш од циклусот, можеш да направиш неколку работи. 

Како прво, идентификувај ги твоите предизвикувачи на „преживувањето“. Дали одредени типови на луѓе, проекти или одлуки те тераат да се двоумиш во себеси? Забележи кога (и зошто) некоја ситуација те тера да почнеш да размислуваш премногу. 

Исто така, може да биде корисно да се дистанцираш од негативните мисли така што ќе ги означиш како мисли или чувства. На пример, наместо да кажеш „Јас сум неадекватен“, кажи „Се чувствувам како да сум несоодветен“. Овие етикети можат да ти помогнат да го разликуваш она што го доживуваш, од она што навистина си како личност и вработен. 

Друг начин да се избегне овој начин на размислување е да го одвлечеш вниманието. Кога твојот мозок не престанува да врти, прошетај, медитирај или пополни си извештај за трошоци – прави некоја едноставна активност на која можеш да се фокусираш неколку минути.

Извор: адаптирано од „How to Stop Obsessing Over Your Mistakes“, од Alice Boyes

За повеќе совети заследи го нашиот инстаграм профил networkermk или пиши ни на info@networker.mk.