Кога треба да ја „продадеш“ твојата идеја на работното место или да презентираш некое ново решение, како го правиш тоа? Петте трикови дефинирани од Аристотел уште пред 2000 години, кои се екстремно користени од вештите лица за продажба, може да ти помогнат: 

Ethos. Сè е продажба, па така започни со продажбата на себеси преку утврдување на твојот кредибилитет и карактер. Покажи му на слушателот во што веруваш и изгради емпатија преку наоѓање на сличности. 

Logos. Користи факти, докази и податоци кои го подржуваат тоа што го зборуваш. 

Pathos. Сите сме водени од емоција, затоа пробај идејата да ја презентираш преку приказна која ќе пробуди некаква емоционална реакција. 

Metaphor. Спореди ја твојата идеја со нешто што веќе му е познато на слушателот. Така ќе имаш аргумент плус во претварање на твојата идеја од апстрактна во конкретна. 

Brevity. Објасни ја идејата во што можеш помалку зборови, изложувајќи ги твоите јаки страни уште на почеток. Луѓето имаат ограничен опсег на внимание кој трае околу 20 минути. 

Извор: адаптирано од “The Art of Persuasion Hasn’t Changed in 2,000 Years” од Кармин Гало

За повеќе совети заследи го нашиот инстаграм профил networkermk или пиши ни на info@networker.mk.