Недела 2 во Академијата за развој на продукти ќе те научи како да спроведеш подобри бреинсторминг сесии поразлични од традиционалното бреинстормирање и како сите предлози да ги комбинираш во едно победничко решение кое ќе го ставиш на хартија.

Која е целта на истражувањето?

Во Недела 1 веќе ги имаш дефинирано твоите предизвици и таргетот на идејата. Во Недела 2 ќе научиш како да генерираш решение преку истражување на постоечки опции кои потоа ќе ги подобруваш. Методот кој ќе го користиш за прибирање и синтеза на идеи е Lightning Demos преку кој брзо собираш и класифицираш податоци и креативни идеи.

Како да имаш ефективен бреинсторминг?

По завршеното истражување, ги презентираш омилените решенија кои се поврзани со твојот иден продукт/услуга или нови out of the box идеи кои ќе може да ги пренамениш во твојот контекст. Тука имаш шанса да бидеш 100% сослушан, без коментари дали предлозите се добри или лоши и без притисок од другите лица кои се подобри во презентирање, зборување или продажба.

Што со предложените идеи?

Од се што ќе запишеш во Lightning Demos, време е да фатиш белешки и да ги издиференцираш најдобрите предлози. Ќе научиш како лесно да  направиш микс од идеи и да тргнеш кон креација на една целина која ќе биде подобра од сите постоечки опции на пазарот.

Како да отстраниш креативна блокада на мозокот?

Пред поголема креативна работа твојот мозок застанува во место. Поради тоа во оваа недела ќе научиш како да го користиш Crazy 8s методот и брзо да продолжиш кон целта.

Како да ставиш на лист победничко решение?

Финалната цел во идеацијата е да научиш како да процесираш голем број на информации за твојата идеја, како да ги пренамениш и како да станеш подобар од конкуренцијата. Откако ќе ги поминеш сите претходни методи ќе имаш солидна основа за скицирање на најдобрата верзија од твојот производ или услуга.

Дознај дали твојата идеја е соодветна за Академија на развој на продукти со помош на 30 минутен онлајн состанок: https://calendly.com/sanjamitrovska/meeting