Недела 1 при Академијата за развој на продукти има за цел да ти помогне да ја мапираш твојата идеја или предизвик и истата да ја евалуираш со помош на експерти во областа. 

Но, што е мапирање на бизнисот? 

Мапата е дијаграм со кој се ставаш во ,,чевли” на клиентот и го поминуваш процесот на откривање, учење и користење на твојот продукт, стигнувајќи до крајната цел. Најдобар пример е сликата подолу:

Зошто ни е потребна мапата? 

Тој е првиот начин како од апстрактна идеја да ставиш нешто на хартија и истото го погледеш од повисока перспектива со цел евалуација. 

Што е евалуирање на бизнисот?

Евалуирање или т.н. ,,убивање” на идејата е нејзино соочување со клучните луѓе од кои зависи нејзиниот успех. Тоа се најчесто други компании кои поминале сличен развој на продуктот како тебе и ти посочуваат зошто може да не успееш. На Академијата ќе бидат вклучени следните експерти:

Зошто ми се важни овие експерти?

Нивните негативни искуства се запишуваат во форма на предизвици, се избираат најважните и за истите се бара одговор во следните денови. Најчесто се завршува со куп стикери како на сликата подолу.

Како доаѓам до дефинирање на таргетот на Спринтот? 

Се поставуваат избраните предизвици на мапата и се гледа во кој дел има најмногу предизвици. Тој чекор од дијаграмот е таргетот на Спринтот и во истиот ќе се иновира, прототипира и тестира на реални клиенти. 

Накратко, со помош на знаењето од оваа недела ќе успееш да ја сведеш твојата идеја од нешто абстрактно до нешто конкретно. Односно дијаграм преку кој ќе го согледаш бизнис моделот и местото кадешто е неопходно да иновира твојот тим во следните денови. Како да се канализира енергијата на сите и дојде до иновација е предмет на недела 2 од Академијата за развој на продукти. 

Дознај дали твојата идеја е соодветна за Академија на развој на продукти со помош на 30 минутен онлајн состанок: https://calendly.com/sanjamitrovska/meeting