Информирај се поконкретно за бенефитите од Академијата за развој на продукти, според официјалната методологија на Google, преку профилирање на следните три професии:

Ти си личност #1 – продукт менаџер

  • Како тимовите кои ги менаџирам да работат меѓусебно усогласено?
  • Како најдобро да ги одредам и следам перформансите на тимот (KPIs)? 
  • Како најдобро да одредам краен рок на одредена задача пред да ја предадам на тимот? 
  • Како во една недела од идеја да стигнам до функционален тестиран прототип?

Google методологијата подразбира организација на работилници составени од мултидисциплинарни тимови во кои тим лидерите од секој сектор се присутни и вклучени во процесот на иновирање, директно посочувајќи ги аргументите ,,за“ и ,,против“ одредена идеја.

На крајот се гласаат идеите и се избира една која се прототипира и тестира на реални клиенти и сето тоа во 5 денови. Ваквиот начин овозможува поголема посветеност при спроведување на решенијата, бидејќи истите се предложени и изгласани од тимот, а не од надредениот/ сопственикот. Проектниот менаџер во оваа ситуација служи само како канализатор на тимската енергија преку следење на техниката од Google која е успешно користена од продукт менаџери на Slack, Airbnb, Uber, Lego итн. 

Најважна придобивка за продукт менаџерите е што може да го пресметаат повратот на инвестицијата и потенцијалот од некој проект со цел презентација на сопственикот, базирајќи се на реален фидбек од клиентите.  

Ти си личност #2 – сопственик на постоечки бизнис

  • Како брзо да се справувам со кризни ситуации во фирмата?
  • Како до лојални вработени преку нивно вклучување во иновативниот процес?
  • Како да се осигурам дека новиот проект ќе ја врати инвестицијата?  
  • Како до извоз на нашите продукти?

Google Design Sprint методологијата е всушност структуриран процес на иновирање, но и справување со проблемите на веќе постоечките бизниси. Се започнува со дефинирање на проблемот од тимот, составен од мултидисциплинарни профили на вработени и истиот се решава во рок од 5 дена со цел искористување на проблемот и претворање во предизвик кој наместо трошок ќе донесе дополнителен приход. 

Истото се однесува и за развивање на иновации кои дури и во големите компании се неопходни. На овој начин многу корпорации развиваат внатрешно претприемништво кое покрај приходи обезбедува зголемено задоволство и лојални вработени. Пример за ова е Google Hangouts кој е развиен од вработена како дел од Спринт во рамки на тимот на Google.  

Накратко, оваа техника на сопственикот на бизнисот ќе му овозможи поглед на бизнисот од повисока перспектива и иновирање под притисок, па сè до развој на внатрешно претприемништво и зголемено задоволство на вработените. 

Ти си личност #3 – иноватор/ претприемач

  • Како да знам дали ја развивам правилната идеја? 
  • Преку кои канали ќе стигнам до моите идеални корисници? 
  • Како да ја презентирам мојата идеја пред инвеститор? 
  • Како да се справам со проблемите на еден стартап? 

Спринтот како процес овозможува брзо да се справите со ,„шамарот од пазарот“ и брзо да го надминете јазот помеѓу тоа што им го нудите и тоа што им е потребно на клиентите. Дополнително, овозможува во 5 дена од абстрактна идеја да стигнете до тестиран прототип и да дадете одговор на клучните три прашања на инвеститорите: демо од продуктот, начин на аквизиција на клиентите и фидбек од истите за демото. Најдобро за бенефитите од оваа техника може да прочитате во „Каков ќе е почетокот на твојот стартап?“

Дознај дали твојот предизвик соодветно може да го решиш на Академија за развој на продукти преку 30 минутен онлајн состанок: https://calendly.com/sanjamitrovska/meeting