Можеби си човек кој ја обожава својата професија, но сепак ги разбира и финансиските ограничувања наметнати од концептот плата. Или можеби едноставно си загрижен од отварањето на сопствен бизнис и жртвите кои со себе истиот ги носи. Но, и за тебе имаме решение. Пасивно богатење!

Што е пасивно богатење?

Пасивно богатење означува ситуација која сме ја слушале често т.е. „парите да работат“ за нас. Аналогно на тоа, зборуваме за термин кој претставува купување на време, но за разлика од основањето на бизнис, овојпат индиректно преку инвестирање.

Инвестирај 20% од своите приходи

Биди ти тој што ќе финансира нечија бизнис идеја на пријател во кој веруваш или инвестициски фонд кој вложува во бизниси (акции, обврзници итн). Чест концепт кој го слушам од нашите бизнис ангели (инвеститори во стартапи) е дека вложуваат во човек, а не во идеја.

Вложувај во човек, а не само во идеја!

Како бизнис ангелите, избери човек во кој веруваш и кој „купува време“ т.е. има сопствен бизнис. На овој начин ќе купиш идиректно и ти дел од неговото време. На овој начин парите ќе работат за тебе! Предизвикот е да ги најдеш вистинските луѓе во вистинска развојна фаза на бизнисот.


Во кои и во колку бизниси да вложуваш?

Доколку е веќе голема компанија, твоите пари ќе имаат помало значење и поради тоа ќе добиеш помало сопствеништво. Да, ризикот ќе ти е помал… Но, приходот уште повеќе. Од друга страна пак, доколку вложуваш во стартапи, ризикот е голем бидејќи од 10 стартапи само 3 ќе преживеат.

Вложи во 10 стартапи

Наместо да вложиш поголема сума на едно место, вложи во 10 стартапи помалку средства. Два од нив ќе се успешни и ќе ти овозможат да ја вратиш инвестицијата од неуспешните седум стартапи. Но, еден ќе биде екстремно успешен и ќе ти донесе финансиска независност.

Накратко.. Нашиот предлог за пасивно богатење е да вложиш најмалку во 10 бизниси во рана фаза и воден од советот на нашите успешни бизнис ангели, да оцениш кој е човекот во кој вложуваш, покрај бизнис идејата.