Секој помлад човек ја има користено светската Airbnb или барем слушнал за неа. Главни „виновници“ за оваа идеја да стане реалност се FirstMark Capital од Њујорк кои веруваа и први инвестираа во Airbnb.

Голем дел од успешноста на оваа компанија се должи токму на развивањето на процесите и идеите со Design Sprint методологија на Google. Овие дечки во една ситуација го применија Спринтот за да ја прошират својата таргет група на корисници и да им пружат идеално корисничко искуство. Процесот е направен на идентичен начин како што го применуваме и ние во Нетворкер при развивање на бизнис стратегии за нашите клиенти.

Пронаоѓање на можности

По направената статистичка анализа, тимот забележа дека постарите луѓе се најбрзорастечка група гледано од демографски аспект. Токму оваа група најмногу издава простор за преноќување. Од друга страна, туристите кои патуваат и користат Airbnb се на просечна возраст од 35 години.

Поради тоа, тимот го изгласа најголемиот предизвик:

„Како да ги охрабриме повозрасните генерации да станат Airbnb гости“

Движење на корисникот

Тимот исцрта мапа на движењето на повозрасен корисникот кој патува со Airbnb за прв пат. На овој начин се издвоија болни точки и можности за подобрување на услугата која ја дава платформата. Оттука произлезе уште еден важен предизвик:

„Како да ја подобриме довербата и комуникацијата помеѓу гостите и домаќините?“

Решение од Дизајн Спринт

Се понудија голем број на решенија во правец на надминување на предизвикот кој го изгласа. Тимот најде потенцијал во подобрување на Trips која даваше само опција за преглед на минати патувања. Она што се понуди да се вметне како решение е:

„Изборна опција која ќе го известува домаќинот за статусот на патување на туристот“

Со ова во тогашните Trips се додадоа идни информации за летот и времеплов на патувањето од почеток до крај. Опциите што се додадоа беа насочени кон олеснување на патувањата и на повозрасните луѓе.

Резултатот од Спринтот е секогаш ист – пронаоѓање на идеална верзија од идејата. Со процесот се тргнува од крајот за да се открие почетокот. Во текот на тие неколку денови излегуваат на површина многу важни прашања, предизвици, предлози, можности и одлуки кои во нормален тек на настаните и не е така лесно да се добијат.

*Студијата на случај е подготвена од Eric Liaw, еден од шестте луѓе кои беа вклучени во Спринтот со микс од тимска работа и индивидуални вештини.