Кога имаш идеја постојат процеси со кои може да решиш комплексни бизнис предизвици преку прибирање на податоци, изнаоѓање идеално решение, негово прототипирање и тестирање на реална таргет група.

Брз начин за да се направи сето ова е Спринтот. Крајнот резултат е потврда или негација на потребата од твојата идеја на пазарот во пет денови. Доколку се испостави дека не е потребна за пазарот, уште подобра страна на Спринтот е тоа што изнаоѓа друга верзија од идејата која ќе биде победничка. Избегнувањето на претпоставки, фокусирањето кон корисниците и одржувањето на експериментален дух во тимот кој работи на идејата води кој продукти и услуги кои се брзо валидирани и со минимален ризик од нивен неуспех.

Спринтот може да го употребите буквално за се, од развивање на ценовни стратегии, стратегии за освојување на нови пазари, па се до дизајн и маркетинг стратегии. Од досегашното искуство на Нетворкер при развивање на идеи ги издвојуваме нашите три омилени типови на Дизајн Спринт:

1. Стратегиски Дизајн Спринт

На прв поглед можеби изгледа дека секој си ја знае точната статегијата која треба да ја употреби во сегашниот или идниот бизнис, но понекогаш и на стратегиите им се потребни нови стратегии. Спринтот ни помага да изградиме се од нула или пак да ја измениме, усовршиме и надоградиме финансиската, продажната, маркетинг или дизајн стратегијата или било кој друг процес во еден бизнис. Овој тип на Спринт освен за клиенти, го употребуваме и за наше интерно развивање на стратегии во Нетворкер.

2. Бизнис Дизајн Спринт

Бидејќи се фокусира на целосен или делумен пресврт на она што го нуди идејата или веќепостоечката компанија, со овој Спринт помагаме да се излезе од конфорт зона. Тоа дава простор на нашиот мултидисциплинарен тим да размислува отворено и да експериментира. Во краток временски период собираме информации од експерти од кои идентификуваме нови можности кои првично не биле видливи и воспоставуваме нови бизнис модели.

3. Продукт Дизајн Спринт

Ова е верзијата која повеќето луѓе ја замислуваат кога ќе се спомне Дизајн Спринт. Просецот ни помага во проценување на одржливоста на нови продукти или услуги, но исто така и во пронаоѓање на нови начини да се решат недостатоците кај веќепостоечки продукти или услуги. Посветуваме многу внимание на корисничкото искуство од маркетинг и дизајнерски аспект, обликување на цените за производот или услугата и поврат на инвестиција при реализација.