Да бидеш единствено добар во она што го работиш, не е доволно за да успееш. Ако се натпреваруваш на пазарот базирано на квалитетот на твоите производи и услуги ќе изгубиш, затоа што ќе бидеш на работ на егзистенција секојпат кога нов конкурент ќе се појави со поквалитетен производ.

Квалитетот се копира, но не и уникатноста!

Најдобриот начин да се заштитиш на пазарот е да го позиционираш твојот производ или бренд поразлично од другите. Кога си различен во играта на бизнисот, ти не се натпреваруваш – победуваш!

Што тебе те издвојува од конкуренцијата?

Успешните компании како Кока-Кола и Палома имаат една заеднички важна карактеристик, а тоа е силен бренд. Всушност, нивните брендови станаа генерички термини за сите слични производи во нивната индустрија.

На пр. ако ти тече носот, дали бараш хартија за бришење или Палома?Точно така. 🙂

Затоа ви даваме предлог од неколку стратегии за позиционирање во 2020 година, кои можете да ги користете за да се разликувате од конкуренцијата:

– Воспоставете емотивна врска со клиентите и со потенцијалните клиенти

– Зајакнете ги и истакнете ги уникатните квалитети на вашиот бренд

– Креирајте додадена вредност за потрошувачите

– Инкорпoрирајте го брендот насекаде во компанијата

Доколку сакаш персонализиран и иновативен пристап за позиционирање на брендот, пиши ни е-меил со твојата приказна. Дефинитивно ќе ја развиваме најиновативната верзија од твојата идеја со помош на Спринт.