Недела 4 при Академијата за развој на продукти ќе те научи како да подготвиш квалитетен прототип од твојата идеја кој ќе изгледа реално. Целта е да имаш алатка со која ќе ја тестираш својата идеја на потенцијални клиенти уште пред да започнеш со реализација на идејата.

Што е прототип?

Прототипот е лажна фасада за твојата идеја која ти овозможува да ја валидираш идејата уште пред да тргнеш да ја остваруваш. Во Недела 4 ќе ја научиш техниката за креирање прототип кој во Недела 3 научи како детално да го испланираш. 

Зошто ти е потребен прототип?

Наместо да тргнеш со остварување на идејата и по краток период да сфатиш дека залудно си потрошил време и пари, подобро е најпрво да го истестираш твојот таргет пазар. Преку валидирање на твојата идеја ќе ги согледаш сите позитивни и негативни страни, ќе разбереш каде треба да се подобриш и ќе го отстраниш или намалиш твојот ризик од неуспех на минимум.

Како брзо да го креираш прототипот?

За да добиеш релевантни коментари и мислења од тестерите, на Академијата ќе научиш како да креираш прототип во еден ден. На овој начин ќе дадеш опиплив пример за кој што ќе може да се изјаснат потенцијалните корисници. За таа цел, без разлика дали е дигитално решение или не, може да ја претставиш со помош на Figma.

Зошто баш Figma?

Прототипите кои ќе ги научиш да ги подготвуваш во Figma може да симулираат најразлични идеи за продукти или услуги. На овој начин ќе успееш да тестираш најразлични работи: од маркетинг стратегија, продажна стратегија, преку процес во работење, до веб-страница, мобилна апликација и многу други идеи. 

Како изгледа прототип за идеја?

Прототипот може да има најразличен изглед во зависност од тоа што сакаш да тестираш и валидираш. Во оваа недела ќе научиш како да симулираш реална ситуација од било каква идеја. Прототипите за дигитални решенија ќе ти изгледаат како веќепостоечки и кликабилни без ниту една линија код во позадина. Дополнително, со прототипот ќе го истетираш UX/UI делот, движењето на корисниците, нивните постапки и реакции за што и да сакаш да развиеш во иднина. 


Дознај дали твојата идеја е соодветна за Академија на развој на продукти со помош на 30 минутен онлајн состанок: https://calendly.com/sanjamitrovska/meeting