Претпоставувам си забележал како членовите на твојот тим се двоумат на прашањето: „Како се чувствуваш денес?“. Сите ние имаме микс од емоции во текот на денот, но ретко ги споделуваме, плашејќи се дека ќе го нарушат групното расположение или ќе се претстават како емоционално ранливи. Како лидер важно е да научиш како да му помогнеш на тимот да ја прифати својата емоционална страна, од која заедно ќе ги користите бенефитите.

Започни со тоа што ќе се однесуваш како чувството на растргнатост и дефокус да е нормално

Во еден-на-еден состаноците на секој член од тимот поставувај му пријателски прашања кои ќе ги извадат на површина нивните емоционалните состојби. На пример: „Иван, кажи ми една работа поради која се чувствуваш возбудено за новиот проект, но и една работа која во исто време ти креира несигурност?“

Нормализирај ја емоционалната амбивалентност преку нејзино моделирање

Наместо да покажуваш постојан оптимизам во тимските дисусии и состаноци кој може емоционално да ги затвори членовите на тимот, објасни им дека и ти имаш измешани емоции за работата. Може да кажеш нешто како: „Возбуден сум поради можностите што се појавуваат оваа есен, но исто така и нервозен за тоа како варијантата Delta може да ги наруши нашите планови“. Тоа ќе им помогне на вработените кои се исто така се размислуваат да се чувствуваат разбрани, прифатени, поврзани и помалку сами.

За повеќе совети заследи го нашиот инстаграм профил networkermk или пиши ни на info@networker.mk

Овој совет е адаптиран од “Embracing the Power of Ambivalence,” by Naomi B. Rothman et al.