Со сè повеќе зголемената флуктуација, работењето од дома и континуираната неизвезност, шансите сите во твојот тим да ти делуваат „чудни“ се големи.

Затоа, размисли за вклучување на целиот тим, во следните активности, и за новите и за старите вработени. Еве како тоа би можело да изгледа:

Закажи случајни, 30-минутни „еден на еден разговори“ меѓу членовите на тимот за да им помогнеш на луѓето повторно да се поврзат. Предложи им да ги започнат овие разговори со неформални теми на разговор, како на пример „Која храна мислите дека е најпотценета?“ или „Ако добиеш на лотарија денес, што би направил утре?“

Побарај од секој вработен да размисли за тоа во што е добар и како може да ги примени тие вештини во неговата моментална позиција во компанијата. Потоа, доделете им на луѓето задачи што ќе им овозможат да ги покажат своите способности.

Создади можности за членовите на тимот да соработуваат и да разменуваат знаење и искуства. Започни со заедничка е-пошта или Slack канал каде што луѓето ќе можат да објават прашање или проблем, а другите ќе можат да одговорат врз основа на нивното сопствено искуство.

Постави јасни очекувања и норми. Постави прашања како: Како можеме да обезбедиме колегите кои работат на далечина, сè уште да имаат глас? Како ќе го следиме напредокот и ќе се ажурираме едни со други во текот на неделата? Какви насоки треба да поставиме за состаноците? Погрижи се да ги запишеш одговорите и да ги зачуваш на место до кое секој може лесно да пристапи.

Овој совет е адаптиран од „It’s Time to Re-Onboard Everyone“, од Liz Fosslien

За повеќе совети заследи го нашиот инстаграм профил networkermk или пиши ни на info@networker.mk.