Доколку си личност која има идеја и сакаш инвеститори да веруваат и вложат во твојот бизнис важно е да подготвиш извонреден Pitch Deck. Нашата цел во Нетворкер е да им помогнеме на клиентите да ја претстават својата идеја во најдобро светло. Во соработка со нив, им подготвуваме Pitch Deck кој освен резиме, воведен дел „за нас“ и груба слика за идејата, содржи информации кои се неопходни за цврст настап пред заинтересираните страни. Подолу ќе ти дадам неколку совети кои може да ти бидат од корист за подготвување на презентација пред инвеститорите.

Проблемот

Во Pitch Deck-от мора јасно да го прикажеш проблемот кој го имаш идентификувано на пазарот. Тоа ќе биде твојата прва силна страна со која ќе го привлечеш вниманието. Истакни го проблемот со сите негови најголеми слабости кои ќе бидат твој главен адут за понатаму.

Твоето решение

После претставениот проблем и слабостите кои постојат на пазарот, време е да го ставиш на маса твоето решение. Објасни како твојата идеја ги решава постоечките недостатоци и како ја подобрува сегашната ситуација со која се соочуваат потенцијалните корисници.

Зошто ти?

Овој дел зборува за тебе и твојата Unique Selling Proposition. Објасни ја твојата уникатност  и зошто твојата идеја е подобра од некоја друга идеја. Покажи ги најважните недостатоци на конкуренцијата и преку споредба истакни ги твоите предности. Во овој дел кажи зошто ти и твојот тим со вашето искуство сте идеалните луѓе за да го спроведете решението кое го нудите.

Доказ

Ова е важен дел од Pitch Deck-от во кој ќе вклучиш мислења, совети и препораки кои си ги добил од експерти во областа, резултати од тестирање на твојата идеја на барем 5 идеални купувачи, анализа од прашалник спроведен на твојата фокус група или тестемонијали од потенцијални клиенти. Ова најлесно и најбрзо можеш да го направиш кај нас во Нетворкер за 5 дена со помош на Спринт и диверзифициран тим кој ќе работи на твојата идеја.

Анализа на пазарот

Навлези во детали додека ги објаснуваш естимациите за големина на таргетираниот пазар. Тука е потребано да имаш способност да го идентификуваш твојот пазарен удел како процент од вкупниот таргет пазар во специфична временска рамка. Докажи дека си го знаеш идеалниот клиент и начинот на кој што ќе пристапиш до него.

Финансии

Направи крај за паметење на твојот Pitch Deck. Во последните слајдови стави ги детално сите релевантни бројки од твоите финансиски анализи и проекции. Потенцирај ги предвидените расходи, изворите на приходување и потребниот износ на средства кој што го бараш како инвестиција за развивање на твојата идеја.

Пиши ни на info@networker.mk и зголеми ги до 80% шансите за добивање на инвестиција за твојата идеја.