Компаниите имаат постојана потреба да останат релевантни и иновативни и честопати се огледуваат на други успешни компании, трендовите во индустријата или нови производи за инспирација. Сепак, виталната компонента за растот е на дофат на раката на секој бизнис – а тоа се неговите клиенти.
Преку клиентите може да ја утврдите долговечноста и напредокот на вашиот бизнис. Среќните клиенти резултираат со повисоки стапки на задржување. Тие ја потврдуваат вредноста на брендот додека го шират гласот за него во нивните социјални кругови. Идентификувањето и задоволувањето на потребите на клиентите е најдобриот начин на кој вашиот бренд ја зголемува својата присутност.

✦ Функционалност

На клиентите им е потребно производот или услугата да функционира на начин кој им го решава нивниот проблем или желба. Затоа искуството со користењето на вашиот производ или услуга треба да биде лесно и јасно за да не се создаде повеќе работа за вашите клиенти. Како искуството, така и дизајнот на производот треба да биде интуитивен за употреба.

✦ Емотивни потреби

Стотици „емотивни мотиватори“ го поттикнуваат однесувањето на потрошувачите. Кога компанијата се поврзува со емоциите на клиентите и ги задоволува истите, може да добие нов важен извор на раст и профитабилност. Kлиентите треба да го поврзуваат вашиот бренд со добри емоции и да
чувствуваат дека со користење на производот иднината ветува многу повеќе од минатото. Производот или услугата треба да:

  • Му го намалува стресот на корисникот
  • Го подобрува животот на корисникот
  • Му дава чувство на слобода и независност

За да се поврзат корисниците со вас, треба да го гледаат вашиот бренд како корисен, специјален, персонализиран, значаен, успешен и да знаат дека тој му помага на светот на некој начин.

✦ Потреба за суштинска животна промена

Доколку вашиот бизнис им ја задоволува потребата и чувството на припаѓање, надеж и лојалност, тоа ќе ги мотивира корисниците кон самоактуелизација.

✦ Социјален импакт

Бизнисот треба да им помага на клиентите да ги надминат своите ограничувања. Со тоа ќе им ја задоволите потребата за трансценденција. Доколку вашиот производ му даде „врвни искуства“ на корисникот, каде што тие ги надминуваат неговите лични грижи, тоа на него ќе му донесе силни позитивни емоции и добро развиено чувство на свесност кое ќе го поврзува со вашиот бренд.

Сумирано, вашиот бизнис треба постојано да учи како проактивно да ги решава потребите на клиентите, а со тоа да продолжи да им го подобрува искуството.

Само 1% од луѓето го прават првиот чекор за реализирање на нивната идеја. Направи го и ти, пиши ни на info@networker.mk и дознај повеќе.