Обично кога мислиме на стартапи, замислуваме инспиративни индивидуи кои создаваат нови бизниси. Овие основачи несомнено се многу важни, меѓутоа успехот на стартапот честопати лежи во целокупниот тим. Ниедна идеја не е поголема од тимот кој ја реализира. Оттука, вистинскиот тим е најдобрата „тајна состојка“ за успех.

Фондовите и инвеститорите преферираат стартап со солиден тим

Твојот одличен бизнис план не е доволен за Фондовите и инвеститорите да вложат во твојот стартап. Она што е важно за нив е да го видат твојот тим бидејќи знаат дека идејата што си ја претставил/а секако ќе пивотира и ќе се менува согласно условите на пазарот, новите можности и предизвици.

Она што ги интересира е да видат солиден тим кој има потенцијал да се прилагодува на тие промени и можности на пазарот. Всушност, тимот е тој кој што навистина ја детерминира судбината на стартапот. Доколку немаш квалитетен тим кој има капацитет, вештини за работа и кој не ја разбира визијата, твојата компанија ќе ја осудиш на пропаст дури и да ја имаш најдобрата бизнис идеја.

Како до успешен стартап?

Група од квалитетни луѓе е столбот врз кој е изграден секој стартап. Поради тоа, мудрото избирање на првите тимски играчи со кои ќе ја градиш компанијата го прави патувањето кон успехот полесно и побрзо.

Како основач дефинитивно треба да ги имаш правилните луѓе кои со тебе ќе ја делат истата страст. Всушност, главниот тим е составен од личности кои со тебе ќе ги слават сите заеднички успеси и со кои ќе се тешиш во тешките моменти. Ваквите луѓе ќе се трудат да те поддржат тебе и твојот стартап од соништата доколку им дадеш основа за тоа. Тие ќе бидат првите кои ќе сакаат да те спасат во неочекувани проблематични ситуации, доцнење на изворите за финансирање или недостаток на готовина.

Како да одбереш перфектен тим?

  • Детектирај ги твоите слаби и силни точки

Согледај што поседуваш и пронајди луѓе кои ќе те надополнат во она што го немаш или ќе те подобрат во она што го имаш

  • Идентификувај временски ангажмани

Постави работни ангажмани кои ќе бидат во согланост со преференците на членовите од тимот и потребите на стартапот

  • Најди потенцијални луѓе

Пронајди луѓе со вештини, кои би ја делеле твојата пасија и визија кои нема по секоја цена да очекуваат превисока плата на почеток, во рана фаза

  • Направи разговор со нив

Без разлика дали веќе ги познаваш или не потенцијалните тимски играчки, подготви разговор во кој искрено ќе им ја презентираш твојата замисла

  • Направи првична проценка

Прави проценка колку твоите цели се во согласност со акциите на членовите од тимот и разговарај доколку има различни гледишта

Лицата кои избираат да се претприемачи треба добро да размислат кога го формираат својот тим. Изборот е стратешки, со голем понатамошен влог на време, напор и мотивација за задржување на луѓето со кои се градел успехот и кои ја делеле истата страст уште од сам почеток.

Само 1% од луѓето го прават првиот чекор за реализирање на нивната идеја. Направи го и ти, пиши ни на info@networker.mk и дознај повеќе.